Ким Кардашијан призна дека била очајна да стане славна: „Бркав папараци по хотели, лажев дека се дружам со Бритни Спирс“
- Детали
- вторник, 27 јануари 2026
Ким Кардашијан сподели дека ја користела популарноста на Бритни Спирс за да им го привлече вниманието на папараците. Кога еднаш дознала во кој хотел отседнува пејачката, отишла таму и се преправала дека оди да ја посети, за папараците да ја фотографираат.

Во поткастот на сестра ѝ Клои, Ким Кардашијан откри дека ќерка ѝ Норт не оди на училиште, поради што беше критикувана.
Истовремено, ријалити ѕвездата сподели и што сè правела во младоста бидејќи била очајна да стане славна.
„Славата е сè што сакав. Живеев за тоа“, вели Ким.
45-годишната Ким отсекогаш сонувала да стане славна, а неодамна откри дека во една пригода ја искористила популарноста на Бритни Спирс.
Еднаш, Ким и нејзиниот тогашен најдобар пријател Џонатан Чебан откриле во кој хотел во Њујорк престојува Бритни Спирс.
Па, нашле Rolls-Royce автомобил со кој отишле до хотелот, а овде, пак, се преправале дека биле да ја посетат Бритни.
Сето ова само за да бидат фотографирани од папараците кои ја чекале Бритни.
„Рековме дека ќе седиме одзади, за да изгледа како пред хотелот да нè донел личен возач. Насекаде имаше папараци кои ја чека Бритни.
Кога излеговме од автомобилот почнаа да ни довикуваат ’Ким, Ким, дали си тука да ја посетиш Бритни?‘, а Џонатан само ми рече да ја спуштам главата надолу и да молчам“.
Штом влегле во хотелот, Ким вели дека 20-тина минути се криеле во телефонска говорница бидејќи не познавале никој внатре.
„Излеговме од хотелот и почнаа да ме прашуваат ’Ким, како е Бритни? Ким како е Бритни?'.
Зедовме такси за назад бидејќи дојдовме со Rolls-Royce, но немаше да нè фотографираат како влегуваме во автомобил за да си одиме.
И, навистина го измамивме системот – фотките беа во сите весници. А, ние мислевме дека сме многу паметни“.
Ки и претходно има зборувано за нејзината желба да биде славна.
„Бев очајна да бидам славна. Во 2007-ма тоа ми беше главна цел“, сподели таа во интервју од пред пет години.
На прашањето што ја привлекувало кај славата, Ким сподели дека и самата не е сигурна, но веројатно удел имале привилегиите.
„Мислам дека не ни знаев што значи да се биде славен. Веројатно ми се допаѓаше моќта. Мислам дека изгледаше гламурозно и забавно.
Јас не сум оние луѓе кои мислат дека со славата доаѓаат многу тешкотии. Мојот живот е прекрасен и многу од тоа потекнува од фактот што сум славна“.
Но, Ким вели дека е свесна и за негативните страни.
„Знам дека со славата доаѓаат и лоши работи, но избирам да не се фокусирам на нив. Па, никогаш не жалам што го избрав овој пат“.
Ким претходно има зборувано и за тоа како „бркала“ папараци на почетокот од кариерата, но и како пробувала да се дружи со најпознатите девојки и жени за да биде забележана.
Ким ѝ беше асистентка на Парис Хилтон, а вели дека во голема мера, богатата наследничка е заслужна за нејзиниот успех.
„Се сеќавам дека седевме во нејзиниот Mercedes… Тогаш, папараците легнуваа и на земја за да направат фотка, за да фотографираат некоја жена под фустанот.
Па, Парис ми рече дека мора да се осигурам дека нема да им го дозволам тоа. Таа ми беше одличен ментор. Благодарна сум за моите искуства со неа. Таа е огромна причина за мојот успех“.
Спирова С. | Црнобело