Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Little Rascals?
- Детали
- сабота, 31 јануари 2026
Актерот Баг Хол, најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа, денес има сосема поразличен живот. Со сопругата и петте деца живеат далеку од цивилизација, a тој вели дека неговиот син му е наследник, додека ќерките ги понижува со епитети како „мијачки на садови“.

Поранешниот актер Баг Хол се прослави со филмот The Little Rascals каде го глумеше слаткиот Алфалфа.
Но, денес живее настрана од цивилизација, а себеси се опишува како „католички екстремист“.
40-годишниот актер живее со сопругата и нивните пет деца, а сите пари што ги заработил од Холивуд вели дека ги донирал, заедно со сите материјални работи што ги поседувал.
Тој и неговото семејство живеат практично без пари, а тој има откриено дека единствено плаќаат за бензин за нивниот автомобил и генератор, како и 100 долари месечно за да можат да имаат телефони со сопругата.
„Мојата цел е да водам живот што е можно послободен од потребата за приход.
Ако некогаш имаме потреба од пари, наоѓам некоја работа, за да заработам само толку колку што ни треба“, сподели актерот во интервју за Daily Mail.
Актерот и сопругата ги образуваат децата дома, а самиот открива дека нема да им дозволат да одат на факултет.
Низ годините, актерот се има соочувано и со критики поради неговите екстремистички верувања и ставови.
Па, што се случи со него?
По успехот во The Little Rascals, Баг Хол добиваше некои помали улоги, а беше активен во индустријата и до 2020-та, но главно како продуцент и сценарист.
Почна да се дистанцира од јавноста во 2020 година, откако беше уапсен додека се дрогирал во Тексас.
По инцидентот, Баг откри дека 15 години бил чист, но му се вратил на порокот поради стресниот живот.
Додаде и дека апсењето, кое беше јавно, било едно од најубавите нешта што му се случило.
