Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Little Rascals?
„Многу сакав да правам филмови. Сакав да пишувам, да продуцирам, да глумам.
Па, изгледа Бог требало да ми даде поголемо предупредување“, вели актерот за одлуката драстично да си го промени животот.
Баг отсекогаш имал многу контроверзни ставови поттикнати од неговата религија, па му било тешко да се вклопи во Холивуд.
На крај, решил целосно да замине од Холивуд и да се фокусира на неговата вера.
„Мислам дека ова не беше голема жртва во споредба со она што Бог го планирал за мене. Плодот од оваа одлука беше да живеам радикално“, има изјавено актерот.
Како што веќе спомнавме, тој самиот се опишува како „католички екстремист“ кој свесно одлучил да живее во сиромаштија.
Во 2025 година, со сопругата купиле земјиште, сами изградиле куќа и денес живеат таму со петте деца.
Но, актерот се соочуваше со критики поради изјавите за неговите деца.
Тој има еден син кој го нарекува негов наследник. Но, за ќерките вели дека биле само обични мијачки на садови.
Еден период беше баниран и неговиот Твитер профил поради радикалните објави – актер самиот се пофали дека физички ги казнувале децата.
„Во мојот дом сите се строго казнувани за неприфатливо однесување. Казнувањето почнува на околу 10-месечна возраст.
Ние веруваме во строга казна. Ги удирам моите деца и цврсто верувам дека тепањето е потребно за детето да се воспита правилно“.
Актерот е активен на социјалните мрежи и обично ги користи за да зборува за својата вера.
Сепак, поради екстремистичките верување, повеќе се соочува со критики отколку што добива поддршка.
Спирова С. | Црнобело
