„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетка ми ме запозна со него“
Р. Кели почнал да ѝ се јавува на Решона, да ја прашува што носи и да ѝ зборува вулгарни работи.
По некое време, почнал да ја присилува на секс.
Решона била само дете, несвесна дека она што се случува е погрешно и иако не ѝ се допаѓало, продолжила да му се потчинува на раперот.
Дотогаш Р. Кели се имаше венчано со 15-годишна девојка, но неговата популарност го засени скандалот.
Ни родителите на Решона не сметале дека се случува нешто погрешно бидејќи биле сигурни дека Р. Кели е само добар богат маж кој сака да ѝ помогне на ќерка им.
Впрочем, нејзините родители не биле свесни што ѝ се случува на Решона и дека таа му била како секс робинка на раперот, сè до експлицитното видео.
„Ме полазија морници кога дознав дека видеото протекло во јавност. Бев многу исплашена и засрамена. Не знаев што да очекувам.
Уште одев во училиште, имав пријатели и семејство. Тајната што ја чував стана јавна и сакав само да исчезнам“.
Иако надлежните почнаа истрага поради видеото, Решона беше мета на шеги дури и од познати личности, како стендап комичарот Дејв Шапел.
Во 2002 година, Р. Кели беше изведен на суд за снимање и поседување детска порнографија, а дури во 2008-ма беше прогласен за невин.
Овој период, Решона била присилена да живее на неговиот автобус за турнеи и раперот ѝ забранувал да комуницира со пријателите и семејството.
Истовремено, ѝ забранил да гледа телевизија или да користи интернет. Решона не се појавила ни на судењето.
Штом завршило судењето, Р. Кели конечно ја ослободил Решона.
„Веќе не му требав за да лажам за него или да ги чувам неговите тајни“.
Тогаш Решона имала 24 години, а вели дека по толку време со раперот, ѝ било тешко да му се врати на својот живот.
„Се чувствував ако риба извадена од вода. Немав образование, ниту социјален круг. Се оддалечив од сите.
Па, беше предизвик да ги поправам овие врски и да откријам како да станам жена“.
Во 2019 година, Решона се појави во документарецот Surviving R. Kelly и вели дека ова ѝ било од огромна помош.
Тоа што ги слушнала сведоштвата на другите жртви ѝ помогнало да не се чувствува толку осамена.
Во 2022 година, таа анонимно сведочеше против раперот кој, како што спомнавме на почетокот, одлежува 31-годишна затворска казна.
Прочитајте и: Чувал девојки како робинки, ги изгладнувал и ги присилувал на оргии: Кој е раперот Р. Кели, што се предозира во затвор?
Спирова С. | Црнобело
