„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетка ми ме запозна со него“

Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ја присилува на секс на само 13-годишна возраст, а практично ја чувал како „робинка“ цела деценија. Тој снимил и експлицитно видео со неа кое кога протече во јавност, ги натера надлежните да започнат истрага против него.

bev-edna-od-zhrtvite-na-r-keli-raperot-polosh-i-od-didi-od-13-godini-me-drzheshe-kako-robinka-tetka-mi-me-zapozna-so-nego-01.jpg

Озлогласениот рапер Р. Кели неретко го споредуваат со Пи Диди, а некои велат дека бил и полош од него.

Моментално тој отслужува 31-годишна затворска казна за детска порнографија, сексуално малтретирање и рекетирање.

За време на судењето на Р. Кели, на поротата ѝ беше покажано и експлицитно видео од раперот и малолетно девојче, како еден од многуте докази за неговите злодела.

Сега, девојчето од видеото, односно жртвата на раперот, реши да ја сподели својата приказна со светот.

bev-edna-od-zhrtvite-na-r-keli-raperot-polosh-i-od-didi-tetka-mi-me-zapozna-so-nego-me-natera-da-pochneme-vrska-na-13-godini-11.JPG

Решона Ландфер денес има 41 година, а вели дека целиот живот криела дека таа е девојчето во видеото.

Уште пострашно за неа е што видеото извесен период беше достапно и за јавноста.

Решона открива дека Р. Кели почнал да ја користи техниката на груминг кога имала само 13 години. Тогаш раперот имал 30.

bev-edna-od-zhrtvite-na-r-keli-raperot-polosh-i-od-didi-tetka-mi-me-zapozna-so-nego-me-natera-da-pochneme-vrska-na-13-godini-05.JPG

Таа открива дека на видеото имала 14 години, а раперот постојано ја терал да се снимаат.

„Колку и да е одвратно видеото што го видеа сите, тоа не беше најодвратното нешто што тој ме тераше да правам или снимам.

Знам други жени кои биле малтретирани од него и кои ги споделија своите страшни приказни“, раскажува Решона.

bev-edna-od-zhrtvite-na-r-keli-raperot-polosh-i-od-didi-tetka-mi-me-zapozna-so-nego-me-natera-da-pochneme-vrska-na-13-godini-10.JPG

Таа вели дека за неа ситуацијата се влошила кога во раните 2000-ти, видеото се појавило во јавност. Од една страна, ова ги натерало надлежните да започнат истрага, но од друга фановите на Р. Кели му нудеа безусловна поддршка дека не направил ништо лошо.

Иако Решона била жртвата, нејзината репутација се уништила поради видеото. Вели дека сонувала да стане кошаркарка, но наместо тоа се претворила во мета на шеги и булинг.

Р. Кели, пак, имал целосна контрола над неа и почнал да ја изолира.

Тој дури ги убедил и нејзините родители дека вистински ја сака за тие да не одат против него на суд.

„Беше на колена и плачеше. Му велеше на татко ми дека му е жал и дека ме сакал. Им вети дека немало зошто да се плашат за мене и дека тој ќе водел добра грижа за мене и за нас.

Не знам за што точно зборувале со татко ми, но знам дека Р. Кели му рече дека треба да му веруваат бидејќи ни мислел најдобро“.

bev-edna-od-zhrtvite-na-r-keli-raperot-polosh-i-od-didi-tetka-mi-me-zapozna-so-nego-me-natera-da-pochneme-vrska-na-13-godini-04.JPG

Решона го запознала Р. Кели кога имала само 12 години, и тоа преку нејзината тетка, пејачка Стефани „Спаркл“ Едвардс.

Открива дека Р. Кели ја нарекувал „негов ангел“ и од неа барал да ѝ се потчинува и да му ја исполнува секоја желба.

Решона вели дека иако била само дете, нејзината тетка инсистирала врската да се претвори во „романтична“.

„Бев на гости кај тетка ми и таа ми рече ’Следен пат кога ќе одиме во студиото, прашај го Роберт (Р. Кели) ако сака да ти биде кум‘.

Ми рече и дека треба да седнам во неговиот скут и да му ја галам главата додека го прашувам.

Инструкциите ми изгледа чудни бидејќи никогаш претходно не сум му седела во скут“.

bev-edna-od-zhrtvite-na-r-keli-raperot-polosh-i-od-didi-tetka-mi-me-zapozna-so-nego-me-natera-da-pochneme-vrska-na-13-godini-2.JPG

Тетката на Решона, Стефани, го негираше сето ова, изјавувајќи дека не е точно дека таа дозволила внука ѝ да биде жртва на раперот.

Сепак, Решона стои на својата приказна и вели дека по чудните инструкции од тетка ѝ, нејзиниот однос со Р. Кели се променил.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg