Ја нарекувале грда: Се сеќавате ли на девојчето од „Матилда“ - каде е и што прави денес?
Имала многу лошо мислење за себе
Иако Мара била ѕвезда уште од рана возраст, за себе воопшто немала убаво мислење.
Мара вели дека можеби не користела дрога и алкохол, но имала самодеструктивно однесување.
„Јас се уништував на поразличен начин. Се мразев себеси и постојано си кажував дека сум грда, дека сум неуспешна“.
Кога, пак, изгубила улога почнала да си создава уште поголем притисок.
„Си мислев дека сум грда, дебела… А имаше и веб-сајтови и весници каде навистина ги пишуваше овие работи за мене.
Ова дојде до точка да почнам да се затворам, да станам поанксиозна и подепресивна. А, кога сте такви, станува тешко да добиете улога“.
Има телесна дисморфија
Соочувајќи се толку критики, Мара развила телесна дисморфија за која вели дека ја измачува до денес.
„Телесната дисморфија е сериозен проблем со кој се соочувам до денес. Кога бев дете, имаше написи за мене дека сум грда, дека изгледам чудно, дека веќе ене сум била слатко девојче…“
Сепак, вели дека научила да се сака себеси и не дозволува лошите коментари да допираат до неа како порано.
„Веќе не дозволувам некој да ми кажува дали треба да ослабам или да си го оперирам носот“.
Се откажа од глумата
Мара Вилсон одлучи да ја прекине актерската кариера, а потоа се запиша на Универзитетот во Њујорк каде што студираше уметност.
Таа напиша и книга за нејзиниот живот, има напишано неколку драми, а има пишувано и за неколку реномирани медиуми.
Спирова С. | Црнобело