Ја нарекувале грда: Се сеќавате ли на девојчето од „Матилда“ - каде е и што прави денес?
- Детали
- сабота, 28 февруари 2026
Мара Вилсон се прослави со улоги во филмови како Matilda и Mrs. Doubtfire, но по неколку години во индустријата, реши да се повлече. Иако уживала додека снимала филмови, Мара има изјавено дека навредите на сметка на нејзиниот изглед многу ја повредувале и поради ова, до денес се справува со телесна дисморфија.

Можеби името Мара Вилсон не ви значи ништо, но ако сте од генерацијата на милениумците, веруваме дека го знаете филмот „Матилда“.
Мара Вилсон е актерката што ја глуми малата Матилда која има телекинеза, однос моќ да мрда предмети со својот ум.
Мара го глуми и девојчето во популарниот Mrs. Doubtfire, а се појавува и во празничниот Miracle on 34th Street.
Сепак, и покрај успехот што го постигна на рана возраст, таа реши да се повлече од јавниот живот.
Што знаеме за неа?
Морала да работи и на својот роденден
Можеби нам ни изгледа како животот на децата актери да е забавен. Но, забораваме дека тие се всушност вработени, без разлика што се само деца.
Мара многупати има зборувано за предизвиците кои доаѓаат со славата на толку рана возраст, како и на бројните обврски што ги имала.
Во една пригода сподели дека ја присилувале да работи и на нејзиниот роденден.
„Мојот 13-ти роденден го поминав заклучена во хотелска соба во Торонто. Беше јули 2000 година и бев на турнеја за промоција на филмот Thomas and the Magic Railroad.
Ми ветија дека за мојот роденден ќе имам слободен ден. Но, штом пристигнавме во хотелот, ми кажаа дека цел ден ќе треба да давам интервјуа“.
Тажно е што дотогаш Мара научила да биде зафатена на својот роденден – осмиот роденден го дочекала додека го снимала Matilda, додека на деветтиот била на сетот на A Simple Wish.
Мара сподели и дека кога на интервју се пожалила за ова, дека сакала само еден слободен ден за роденденот, некои медиуми ја опишале како „разгалена“ и „неблагодарна“.
И, треба да се нагласи дека таа била само дете кога ги читала овие коментари за неа.
Се споредува со Бритни Спирс
Како личност која пораснала пред очите на јавноста, Мара има изјавено дека многу се пронаоѓа во приказната на Бритни Спирс.
„Кога бев мала, беше страшно да се слуша како луѓето зборува за Бритни, а исто е и сега.
Нејзината приказна е тажен пример за феномен што сум го гледала со години – нашето општество ги издигнува овие девојчиња само за да ги уништи.
За среќа, луѓето стануваат свесни за она што ѝ било направено на Бритни и почнуваат да ѝ се извинуваат. Но, уште живееме со лузните“.