Не користи шампон, јаде додека се бања: Одвратните навики на Бени Бланко (што Селена Гомез ги игнорира)
Џвакање со отворена уста
На Златни глобуси 2025-та, Бени Бланко присуствуваше со Селена Гомез.
Додека водителката Ники Гласер кажуваше шега за нив, Бени и Селена се најдоа во фокус, а продуцентот џвакаше мастика со отворена уста.
Тој беше забележан како џвака со отворена уста и кога пристигнуваа на настанот.
Бизарни романтични гестови
Во 2025 година, Бени Бланко се пофали дека за Денот на вљубените, за Селена наполнил цела када со начо сос. На подот, пак, со чипс напишал „те сакам“.
И за овој гест продуцентот беше критикуван – некои велеа дека е одвратно, а други се прашуваа како ќе ја исчисти кадата.
Некои истакнаа и дека сосот во кадата ќе се расипе за час-два штом не е во фрижидер, што го прави целиот гест уште поодвратен.
Се појави бос на свадба на пријател
Повторно во 2025 година, Бени Бланко се појавил бос на свадбата на негов пријател.
Раперот Lil Dicky сподели фотки од неговата свадба, а на една се гледа како Бени Бланко седи на стол на подиумот со скрстени нозе и без чевли, ниту чорапи.
Често прескокнувал туширање
Во заедничко интервју со Селена од пред околу една година, Бени Бланко сподели дека не се тушира често.
„Обично не се туширам секој ден, но кога сметам дека заслужувам туш, се задржувам многу и размислувам за животот“.
Претходно, во интервју за магазинот People, сподели и дека не секогаш користи шампон.
„Не верувам дека треба секогаш да користам шампон. Чист сум, но не се туширам секој ден. Некои луѓе што ги познавам се тушираат и два до трипати дневно.
Но, јас мислам дека со ова маслата на кожата немаат време да се обноват и да станат ’сочни‘“.
Јаде додека се бања
Кога, пак, се тушира, Бени Бланко откри дека некогаш сака да јаде.
На видео што самиот го сподели на ТикТок, Бени се снима во неговата бања – на кадата има ставено неколку оброци, како бурито, а на крај покажува и дека во едната рака држи порција нудли.
@itsbennyblanco foreal
♬ How Does It Feel To Be Forgotten - Selena Gomez & benny blanco
Спирова С. | Црнобело
