Џастин Бибер повторно загрижува: Со спуштени панталони фрла шише кон фотограф – Хејли го игнорира
- Детали
- вторник, 10 март 2026
Откако излезе од ресторан со спуштени панталони, Џастин Бибер фрли шише кон папараците кои стоеја надвор. Хејли, пак, се однесуваше како да не се случува ништо. Само неколку денови претходно, таа сподели и дека бременоста била непланирана.

Веќе подолг период јавноста е загрижена за состојбата на Џастин Бибер кој изминативе година-две имаше неколку испади во јавност.
Покрај бизарните објави на Инстаграм, на бројни папарацо фотки од разни настани изгледаше како да е под дејство на дрога.
Некои извори, пак, тврдеа дека ситуацијата со пејачот е толку сериозна, што блиските ја молеле Хејли Бибер да го остави.
Дел од проблемите во бракот беа видливи и отстрана, а некои сметаат дека Џастин постојано ја срами Хејли и ѝ покажува непочитување.
По многуте критики и апели да си го среди животот, Џастин сподели дека минувал низ тежок период, но дека работи на себе. И, некое време немаше скоро никакви испади од негова страна.
Но, кон крајот на минатата недела, пејачот повторно предизвика загиженост.
Во петокот (06.03) Џастин и Хејли беа забележани додека излегуваа од ресторан во Лос Анџелес.
Џастин излезе од ресторанот со спуштени панталони, а во еден миг фрли и шише кон папараците.
Според извор на TMZ, за среќа пејачот не удрил никој.
Во меѓувреме, Хејли ладнокрвно влезе во автомобилот и се однесуваше како да не се случило ништо.
Иако е разбирливо зошто славните би биле гневни на папараците, постапката на Џастин наиде на осуда.
„Не излегувај ако ти пречат папараците. Сепак, цел живот работиш за да бидеш славен“.
„Зошто има тантруми за нешто што е дел од неговото секојдневие? Треба да се однесува како возрасна личност“.