Џастин Бибер повторно загрижува: Со спуштени панталони фрла шише кон фотограф – Хејли го игнорира
Многумина го критикуваа и за спуштените панталони.
„Лудо е што оди во ресторан со спуштени панталони“.
„Вистинско непочитување е да шеташ со спуштен панталони“.
„Треба да си купи колан“.
Некои коментираат и дека не ја заслужува Хејли и дека се однесува како дете.
Истиот ден претходно, Џастин и Хејли беа забележани во друго издание.
Повторно во ресторан во Лос Анџелес, тие го славеле 31-иот роденден на пејачот, а кога го напуштија локалот Џастин не ги тргаше рацете од неа.
Џастин и Хејли имаат и син кој наскоро ќе полни две години, а пејачот е критикуван и дека не е добар татко.
Неодамна, пак, Хејли сподели дека бременоста била изненадување.
Хејли гостуваше во поткаст со нејзиниот гинеколог, кога беше прашана за бременоста.
Кажа дека била изненадување, како и дека била дијагностицирана со медицинска состојба која може да предизвика компликации во бременоста.
Докторката ѝ рекла дека е подобро да не забременува додека да ѝ најдат соодветна терапија.
„Имав септум (преграда) на матката и докторката ми велеше дека треба прво да ја набљудуваме состојбата пред да забременам, бидејќи може да создаде проблеми.
Ми рече дека можеби ќе треба да се направи и мала операција. И, си помислив дека сега не планирам да забременам, па кога ќе дојде ред за тоа, тогаш ќе разговараме.
Но, потоа волшебно останав бремена“, раскажа Хејли.
Докторката пак објасни дека Хејли имала голем ризик од спонтан абортус, но за среќа тоа не се случило.
Прочитајте и: Ја деградира со невкусни фотографии, бакнува колешки: Џастин Бибер не престанува да ја срами Хејли
Спирова С. | Црнобело