Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи)
- Детали
- сабота, 21 март 2026
Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведувала токму поради тоа. Не е познато дали му била верна на четвртиот сопруг, но остана со него се до својата смрт во 2025-та.

Брижит Бардо беше една од најпознатите актери во 1950-тите и 1960-тите, ја сметаа за секс симбол, а бидејќи не се плашеше да се соблече пред камера, важеше и за доста контроверзна ѕвезда.
Актерката, која почина во декември 2025-та, имаше и мошне бурен љубовен живот, а според некои извори, имала над сто љубовници.
Четирипати застана пред олстар, а со вториот сопруг доби син за кој не криеше дека го презирала.
Таа дури и му го предаде целосното старателство на вториот сопруг.
Четвртиот брак на Брижит беше најдолг и таа остана со сопругот до нејзината смрт.
Што знаеме за сопрузите (и дел од љубовниците) на Брижит Бардо?
Роџер Вадим
Брижит имала само 18 години кога првпат стапила во брак.
Актерката и режисерот, кој беше шест години постар од неа, се венчаа во 1952-ра.
Во 1956 година тие соработуваа на филм кој беше во режија на Роџер. Но, тогаш актерка почна афера со колега од филмот, поради што се разведе од Роџер.
Сепак, режисерот не изгледаше многу разочаран.
„Знаев што се случува и како да очекував. Отсекогаш сакав да имам таква жена, која знам дека ми е неверна, наместо да имам жена која ме сака само мене и никој друг…
Сакав жена желна за авантура и со сексуална љубопитност“.
Жан-Луј Трентинјан
Жан-Луј е колегата поради кој Брижит се разведе од првиот сопруг. Кога ја почнаа аферата, и Жан-Луј беше во брак со друга жена.
Откако и двајцата се разведоа, почнаа да живеат заедно, но се разделија околу две години подоцна.
И овој пат причината била афера – Брижит почнала да се гледа со музичарот Гилберт Бекод.
