Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи)
Жак Шарие
Брижит и Жак се запознаа на филмот Babette Goes, а ја почнаа врската во 1959 година.
Набрзо потоа се венчаа и следната година добија син. Но, ни овој брак не потраја долго, а Брижит не криеше дека не го сака син ѝ.
Актерката се соочи со критики кога пишуваше за ова во нејзините мемоари од 1996-та:
„Јас не сум создадена за да бидам мајка. Не сум доволно зрела – знам дека е ужасно да се признае, но не сум доволно зрела за да се грижам за дете“.
Таа пишуваше и дека мразела што бременоста ѝ го променила телото, а нероденото дете го нарече „тумор“ кој пробала да го „отстрани“ така што се удирала во стомакот.
Очекувано, Жак го доби целосното старателство над нивното дете.
Откако Брижит ги издаде мемоарите во 1996-та, Жак и нејзиниот син ја тужеа за напишаното. Па, на крај таа им исплати 30.000 долари.
Гантер Закс
Третиот сопруг на Брижит е милионерот Гантер Закс кој го запознала на Сен Тропе. Тие се венчаа само два месеца подоцна во Лас Вегас.
Во своите мемоари, Брижит сподели дека била хипнотизирана од милионерот, особено бидејќи ја опсипувал со скапи подароци.
Но, само неколку дена по свадбата, Брижит почнал афера со пејачот Мајк Сарн.
По три години и многу афери од страна на Брижит, таа и милионерот се разведоа.
Серж Гинсбург
Се претпоставува дека Брижит ја почнала врската со Серж додека уште беше во брак со третиот сопруг.
Не се познати многу детали за нивната врска, освен дека заедно снимија две песни.
Бернар Дормал
Во 1992 година, Брижит Бардо се венча со четвртиот и последен сопруг – бизнисменот Бернар Дормал.
Стапија во брак по само еден месец врска и останаа заедно со децении.
Впрочем, Бернар имал мошне добро влијание врз Брижит што таа дури посакала да си го подобри односот со син ѝ.
Според Бернар, само две недели откако се запознале, Брижит изразила желба да го види син ѝ. Во меѓувреме се договориле и да се венчаат, а им кажале само на најблиските.
Не е познато дали Брижит му била верна на Бернар, но останаа заедно до нејзината смрт во 2025-та.
Спирова С. | Црнобело
