Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка
- Детали
- петок, 10 април 2026
Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претходни врски кои траеле само неколку месеци. Истовремено, беше свршен со Сиена Милер која му раскина откако дозна дека имал афера со дадилката на неговите деца.

И во шестата деценија од животот, Џуд Ло важи за еден од најголемите заводници.
53-годишниот британски актер има импресивна кариера, но доста внимание привлекува и со неговиот комплициран љубовен живот.
Околу седум години актерот е во среќен брак со Филипа Коан која е психолог. Но, низ годините имал неколку (сериозни) врски, а е горд татко на дури седум деца.
Што знаеме за љубовниот живот на актерот и неговите деца?
Бракот со Филипа Коан
Како што веќе спомнавме, Џуд е во брак со Филипа Коан. Се запознале во 2015 година, преку заеднички пријатели, а се венчаа во 2019-та.
Една година подоцна добија дете, а во 2023-та добија уште едно.
И покрај популарноста на Џуд, парот пробува да се држи настрана од јавност, но во неколку пригоди актерот има зборувано за среќниот брак.
„Таа е моја и на никој друг. Многу сум среќен. Во голема мера ова се должи на фактот што таа е многу приватна личност.
И, нашата врска е приватна, а мислам дека функционираме толку добро токму поради ова“.
Впрочем, тие се толку таинствени, што дури ги кријат имињата на нивните деца.
Бракот со Седи Фрост
Филипа е втората сопруга на актерот, а првпат стапи во брак во 1997 година, со актерката Седи Фрост.
Се запознале кога актерот имал само 19 години, а Седи имала 26 години, како и едно дете. Заедно, пак, добија три деца.
Се разделија во 2003-та, а неколку години подоцна, во своите мемоари, Седи зборуваше за нивниот брак и зошто се разделиле.
„Колку повеќе морав да се социјализирам на раскошни забави во Холивуд, толку повеќе ја губев самодовербата. Наскоро признав пораз и отидов на лекар, кој ме дијагностицира со постпородилна депресија и ми даде терапија“.
Седи открива и дека извесен период престојувала во психијатриска установа, по што бракот со Џуд се распаднал.
„За мене и за вработените во установата беше јасно дека ова не е најдоброто место за мене. За среќа, имав пријател кој ме прими во неговиот дом околу една недела подоцна. Дотогаш, мојот брак со Џуд беше завршен“.
Разделбата од актерот дополнително ѝ ја влошила состојбата на Седи, но неодамна откри дека сега се чувствува многу подобро.
