Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка
Врската со Сиена Милер
Актерот и Сиена Милер ја почнаа врската во 2003 година, а се свршија следната година. Но, Сиена ја раскина свршувачката откако открила дека Џуд имал афера со нивната дадилка.
Иако се разделија во 2006-та, на врската и дадоа уште две шанси – во 2009 и 2011 година. Според Сиена, врската со Џуд била како нешто надреално.
„Само што почнав да работам и бев во голем филм и бев вљубена во овој идол (Џуд). Но од друга стана беше и мрачно… Научив многу за себе од тоа искуство, но среќна сум што уште сум овде“.
Претходно, Сиена сподели и дека се надева дека никогаш повеќе нема да искуси нешто како врската со Џуд.
„За мене, ова беше еден од најголемите предизвици со кои сум се соочила.
Ми го скрши срцето пред сите, но сепак требаше да станувам од кревет и да стојам на сцена, пред 800 луѓе секоја вечер“.
Аферата со Дејзи Рајт
Веќе спомнавме дека Џуд Ло имаше афера со неговата дадилка – Дејзи Рајт. И, самата Дејзи се пофали за аферата во интервју за The Mirror.
„Беше прекрасно. Џуд е многу искусен љубовник“, кажа Дејзи, меѓу другото.
Таа тврди дека актерот ја завел и ја однел во неговата хотелска соба, а следното утро биле фатени од едно од децата на актерот. Наводно, детето ѝ кажало на Сиена, па таа веднаш ја отпуштила Дејзи.
Откако дадилката го даде интервјуто, Џуд јавно се извини.
„Нема оправдување за моите постапки, за кои искрено жалам и ве замолувам да ја почитувате мојата приватност во овој тежок период“, изјави актерот за магазинот People.
Кратка врска со Саманта Брук
Во 2009 година, Џуд Ло ја запознал Саманта Бурк.
Не е познато колку долго биле заедно, но до крајот на истата година беше потврдено дека Саманта е бремена, а набрзо потоа се разделија.
За нивниот однос не се знае ништо, освен дека актерот ѝ ја дал соодветната поддршка за време на бременоста.
Кетрин Хардинг
Во 2014 година, Џуд Ло имаше неколкумесечна врска со британската пејачка Кетрин Хардинг.
Откако споделија дека се разделиле, се дозна и дека Кетрин е бремена.
Кетрин сега е во брак со друг маж, но го делат старателството со Џуд.
Спирова С. | Црнобело
