Новиот изглед на Анџелина Џоли поттикна бизарна теорија на заговор: „Ова е двојник, ја замениле и неа“
Секако, овде се оние кои сметаат дека ваквите теории се глупост:
„Ако не сте знаеле, луѓето стареат! Зарем сите полуделе? Нема ништо лошо во тоа да остарите и да изгледате постаро“.
„Некои луѓе забораваат дека и славните стареат, исто како нас“.
Се чини дека во последно време интернетот е опседнат со теории за двојници.
Претходно, на почетокот од март, Џим Кери беше на мета на гласини дека е заменет со двојник.
Актерот беше на доделување на награди во Париз и изгледаше поразлично од вообичаено. И, додека според некои е јасно дека направил корекции на лицето, други беа убедени дека и тој е заменет со двојник.
Видеа од Џоли во Шангај:
Спирова С. | Црнобело