Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур одговори на критиките што го дои 3-годишното дете: „Мојот живот не е ваш проблем“
- Детали
- вторник, 07 април 2026
Со видео на кое ја дои ќерка си, Румер Вилис им се обрати на „хејтерите“ кои ја критикуваат како мајка, особено поради тоа што ја дои ќерката на тригодишна возраст.

Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур е мајка на едно дете. Во 2003-та, со тогашниот партнер Дерек Ричард Томас, таа ја роди ќерката Лу.
Но, изминатава година, Румер Вилис честопати се соочува со критики како мајка.
Ова е проблем со кој се соочуваат бројни славни мајки, особено оние кои се поотворени за целото искуство, како Румер.
Уште минатата година, кога ќерка ѝ имаше две години, Румер беше критикувана дека девојчето било преголемо за доење.
Тогаш 37-годишната Румер сподели фотка на која ја дои ќерката, со опис:
„За хејтерите кои ме напаѓаат бидејќи ја дојам мојата 2-годишна ќерка. Се надевам дека имате убав ден“.
Моментално нејзиното девојче има три години, а Румер уште го дои. И, веројатно уште ја критикуваат бидејќи сподели видео со кое повторно им се обраќа на „хејтерите“.
На видеото се гледа ако ја дои ќерка си, а има инсерти и од девојка која објаснува како нејзиниот живот не треба да биде туѓ проблем.
„Кога некој ќе почне да ме осудува како родител“, пишува на видеото.
Возраста до која бебето се дои зависи од многу фактори, а според Светската здравствена организација е сосема во ред и по вториот, па и третиот роденден.
Сепак, во коментари некои повотрно ја критикуваа Румер дека нејзиното дете е многу големо за доење.
Некои, пак, го критикуваат тоа што споделувала лични и приватни моменти на Инстаграм.
Но, други имаат поддршка за Румер, а некои споделуваат и дека самите ги доеле децата и по третиот роденден.
„Мојот снимаше 5 години кога престанав да го дојам. До четиригодишна возраст беше повеќе како за утеха и ова е сосема нормално!“
„Јас доев додека ќерка ми сама не престана да сака на четиригодишна возраст“.
„Ти го следам животот одамна и ти си прекрасна мајка, без разлика дали луѓето сакаат да го видат тоа или не“.
„Доењето е нормално и убаво и треба да биде прифатено. Јас моментално го дојам моето најмало дете кое има четири години“.
Инаку, моментално Румер самата се грижи за ќерка ѝ и многупати отворено зборува за предизвиците на самохраните мајки.
Кон крајот на минатата година, таа сподели видео на Инстаграм Стори во кое кажа дека плачела.
„Само што се исплакав. Некои денови како самохрана мајка ми се многу тешки.
Ќерка ми не е проблематична, но некои денови, кога сè треба да правам сама, се тешки“, пишува на видеото.
Исто така, Румер има откриено дека не добива никаква финансиска поддршка од нејзините славни (и богати) родители.
„Работам четири различни работи за да ѝ овозможам добар живот на ќерка ми. Јас сум единствената личност која плаќа за неа. Не земам пари од моите родители.
Најчесто никој не ми помага за неа. Па, ве молам размислете пред да ме осудувате“.
Румер вели и дека е свесна за нејзините привилегии, но не сака да ги гледа родителите како „план Б“.
Спирова С. | Црнобело