Данкан од Blue на 48 години живее со мајка му: „Ми го пие пивото со пријателките“
Со текот на времето толку им се допаднал заедничкиот живот, што решиле да купат голема куќа во Сари.
„Не сакав да ја оставам мајка ми сама, па сега имаме голема, убава куќа. Јас си имам свој кат, таа си има свој кат“, рекол тој.

Данкан додал дека сепак не ѝ се лути кога со пријателките ќе му го испијат пивото.
„Често сум отсутен поради работа и турнеи, и да, знам дека ми го испила пивото, но кога се вратив неодамна дома, таа ме пречека со тазе испржени сланина и јајца, што беше прекрасно“, додал тој.

За потсетување, Данкан и момците од неговиот бенд Blue (Ли Рајан, Сасјмон Веб и Ентони Коста) се стекнаа со планетарна слава кога во 2002 година Елтон Џон се појави како гостин во синглот Sorry Seems To Be The Hardest Word, а тие преку ноќ станаа миленици на тинејџерките.

Данкан пред 21 година стана татко, се разведе, а брзо потоа кажа дека е бисексуалец. На крај призна дека е геј.
Денес, се појавува во реални шоуа, се врати на музиката и има турнеја со својот стар бенд, но целосно го смени и изгледот со претерано користење ботокс, филери и операции за подмладување.

А. Ј. | Црнобело