Џоан Колинс со младешки изглед на 92 години - Блеска покрај 31 година помладиот сопруг на настан во Лондон
- Детали
- среда, 06 мај 2026
На 92 години, популарната Алексис од „Династија“, не престанува да се грижи за себе - пред неколку месеци ги воодушеви следбениците на Инстаграм со фотки во костим за капење, а сега во елегантно спортска комбинација.

Актерката Џоан Колинс, најпозната како Алексис од сапуницата „Династија“, има 92 години, но возраста воопшто не се познава на нејзиното лице или во нејзиниот став и стил.

Актерката, која од 2002-ра е во брак со 31 година помладиот Перси Гибсон, во придружба на сопругот се појави на гала хуманитарен настан во Лондон и ги привлече сите погледи кон себе.

Колинс, облечена во црни панталони и кошула, во комбинација со патики и бел капут, изгледаше елегантно и младешки, а британските медиуми пишуваат дека актерката изгледа како да има 70 години, не повеќе.

Колинс отсекогаш важела за дама со стил, стекнат во златната ера на Холивуд - одмерена, гламурозна, дотерана.

На 92 години таа не престанува да се грижи за себе, па пред неколку месеци ги воодушеви следбениците на Инстаграм кога објави фотки во костим за капење.

Сепак Колинс има скандалозен љубовен живот. Перси е нејзиниот петти сопруг, со кого ја пронајде среќата по 4 разводи, врски во кои била силувана, малтретирана и омаловажувана.

Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година