Деми Мур „коски и кожа“, Џоан Колинс како холивудска дива: Ѕвездите на отворањето на Канскиот филмски фестивал (фото)
Покрај Деми Мур, во деветчлено жири се режисерката Клои Жао и актерот Стелан Скарсгард, додека претседател на жирито е легендарниот јужнокорејски режисер Парк Чан-вук.
Во изјава за Daily Mail, Деми Мур сподели дека се чувствува почестено што оваа година е дел од жирито:
„Се чувствувам почестено и многу сум возбудена. Навистина се чувствувам како дете кое си игра дека е возрасна личност.
Претходно имав присуствувано на Канскиот фестивал само еднаш, и тоа како придружба на некој друг. Тоа што денес седам овде е многу голема чест“.
Деми Мур даде свој коментар и за користењето вештачка интелигенција во филмската индустрија – нешто што е причина за жестоки дебати во индустријата.
Според неа, филмската индустрија треба да ја прифати новата технологија и да се адаптира на неа.
„Вештачката интелигенција е овде и ако се бориме против неа, ќе ја изгубиме битката. Мислам дека е многу подобро ако најдеме начин како да работиме со неа.
Вистината е дека не треба да се плашиме од ништо бидејќи вештачката интелигенција не може да го замени местото од коешто доаѓа уметноста – доаѓа од душата“.