Продавала овошје на тезга, па се омажи во едно од најбогатите семејства: Најубавата руска манекенка чека шесто дете
Наталија има откриено дека не сакала да ја вознемирува мајка си своите проблеми бидејќи таа веќе била во ужасна состојба – од целиот стрес ја изгубила косата, а ги загубила и сите заби.
Животот на Наталија тргнал во нова насока кога била забележана од моден агент кој ја охрабрил да оди во агенција во Москва.
Набрзо потоа, Наталија била испратена на модна ревија во Париз и за краток период стана еден од најпознатите модели во светот и имаше соработки со врвни брендови како Calvin Klein.
На 19-годишна возраст се венча со британскиот аристократ Џастин Портман со кој доби три деца.
Се разделија во 2010 година, а набрзо потоа Наталија беше забележана со сегашниот сопруг, Антоан.
Антоан е син на Бернард Арно, извршен директор на LVMH – француски конгломерат кој поседува дури 75 луксузни брендови вклучувајќи ги Louis Vuitton, Christian Dior, Givenchy…
Наталија и Антоан имаат два сина на 11 и 9-годишна возраст, а сега го очекуваат и третото дете.
Ретко зборуваат за приватниот живот, но Антоан има изјавено дека се вљубил во неа уште првпат кога ја видел.
„Се сеќавам кога ја видов и останав со подзината уста. Секако, таa е убава, но има и нешто што не можам да го дефинирам. Има некаква аура околу неа“.
Наталија, пак, откри дека и покрај работните обврски, таа ужива да се грижи за домот.
Манекенката и Антоан се венчаа во 2020-та биејќи како што има откриено самата, не ѝ се брзало за втора венчавка. Таа откри и дека без двоумење се согласила да направат предбрачен договор.
„Искрено, по првиот развод, воопшто не брзав да стапам во брак. Но, времето ми покажа дека оваа врска е многу силна.
Кога градите врска која сакате да трае цел живот, мора да ги разговарате сите можни сценарија.
Ако се сакате ќе продолжите да се сакате дури и ако се разделите и најдобриот начин да ги избегнете дополнителните проблеми е да имате добар договор“.
Наталија очигледно си ја задржала скромноста, па и покрај тоа што е активна во модната индустрија, вели дека купува облека на втора рака и не троши многу за тоа.
„Не купуваме многу облека. Само неопходните работи. Купуваме еднаш за цела година можеби неколку пара фармерки, неколку маички, некоја топла облека и тоа е“.
Спирова С. | Црнобело