Како Норт Вест заработи над 50 милиони долари на само 13 години?
Норт покажува и желба за музика, па на шестгодишна возраст настапуваше заедно со татко ѝ на Модната недела во Париз, а му правеше друштво и на други настапи.
Потоа, на 10-годишна возраст учествуваше во изведба на мјузиклот „Кралот лав“.
Сепак, Ким и Канје беа остро критикувани за ова бидејќи беше јасно дека „ѝ купиле“ место во претставата.
Неодамна Ким откри дека одлучила да ја отпише Норт од училиште и да се образува дома.
Ким беше критикувана и за ова, но таа сметала дека ова е најдоброто за нејзината ќерка.
„Норт има талент за стил и сака да се изразува. Традиционалното образование во нејзиното училиште не одговараше на нејзиниот карактер.
Ким сметаше дека учењето од дома ќе ѝ овозможи да се фокусира на образованието, но истовремено да може да ги истражува модата, музиката и претприемништвото“, вели извор близок до Ким.
Годинава Норт потпиша и договор со продукциската куќа Gamma, а неодамна издаде и еп (музички албум со помал број песни).
Таа има снимено и песна со ќерката на раперот Лил Вејн, а неодамна имаше настап на музички фестивал.
Додека Канје се фокусира на нејзината музичка кариера, мајка ѝ Ким веќе работи на тоа името на ќерка ѝ да стане бренд.
Па, годинава Ким поднела три пријави за трговска марка за нејзината ќерка.
Ова значи дека наскоро Норт ќе почне да продава облека, модни додатоци, накит и слично со нејзин потпис.
Впрочем, Ким сакала Норт и нејзините деца да ја искористат популарноста што веќе ја имаат бидејќи ѝ било јасно дека нема да може да ги заштити од јавноста.
Но, има изјавено дека не знае во која насока би се движела нејзината кариера.
„Јас и претходно мислев дека сум зафатена. Но, кога ѝ станав менаџер на Норт е лудо. Ова не ми беше во план…
Се двоумам за кариерата на ќерка ми, па наскоро ќе зборуваме за тоа“, сподели ријалити ѕвездата.
Истовремено, Норт е дел од реалното шоу на Кардашијанс, па заработува и од тоа.
Покрај она што го заработува сама, Норт ќе добие и огромно наследство од родителите, што значи дека нејзиното богатство само ќе се зголемува.
Спирова С. | Црнобело