Како Норт Вест заработи над 50 милиони долари на само 13 години?
- Детали
- недела, 21 јуни 2026
Норт Вест веќе има богатство од 50 милиони долари, но некои тврдат дека оваа сума е многу повисока. Првата фотосесија ја направи кратко по првиот роденден, и тоа за Chanel, а мајка ѝ Ким веќе работи на тоа да ѝ направи бренд со кој ќе заработува уште повеќе.

Кога сте имале 13 години, можеби сте сонувале да бидете богати кога ќе пораснете, но сигурно не сте заработувале милиони.
Сепак, ова не важи на Норт Вест – ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест која се смета за едно од најславните деца во светот.
Нејзините родители се милијардери, а самата Норт, која неодамна наполни 13 години, се претпоставува дека има богатство од барем 50 милион долари. Неко извори тврдат дека сумата е многу повисока и дека богатство на Норт е приближно 370 милиони.
И, наводно, ова не се пари што ги добила од родителите, туку што ги заработила сама благодарение на нејзината популарност.
Сепак, оваа информација можеби и не изненадува кога ќе се земе предвид дека Норт беше позната уште пред да се роди.
Бременоста на Ким беше топ тема во шоуто на Кардашијанс, но и во медиумите.
Притоа, Норт го доби својот прв ангажман само еден месец по првиот роденден – позираше за еден од најпознатите модни брендови, Chanel.
Додека да наполни пет години, веќе имаше фотосесија за насловната страница на магазинот WWD Beauty Inc.