Емили Ратајковски критикувана за бизарниот есеј и фотосесија на која дои кукла: „Мажите ’се палат‘ на мајки“
- Детали
- петок, 19 јуни 2026
Во својот нов есеј, Емили Ратајковски зборува за периодот по разводот, животот како самохрана мајка, но и нејзината желба да стане к**ва бидејќи по породувањето мислела дека ја изгубила својата сексуалност. Есејот е придружен со бизарна фотосесија во која дои кукла.

Емили Ратајковски деновиве се соочува со критики за нејзиниот есеј објавен во The Cut, во кој го споделува своето искуство како сингл мајка.
Многу жени, особено кои самите се самохрани мајки, сметаат дека наметнува штетни стереотипи за жените кои се во иста положба.
Есејот е придружен и со бизарна фотосесија – Емили позира со речиси разголени гради и дои кукла, а на една држи и чаша вино.
За фотките, Емили е критикувана дека го сексуализира доењето.
Емили вели дека го напишала есејот за да се справи со трауматичниот развод, како и стигмата со која се соочувале самохраните мајки.
Моделот и филмскиот продуцент Себастијан се разделија неполна година откако добија син, по четири години брак.
Синчето Силвестер им се роди во 2021-ва, но до следната година веќе беа разделени. Разводот го финализираа во 2025-та.
Во есејот, Емили открива дека бракот им се растурил бидејќи откако се породила, шест месеци немале односи, а таа вели дека периодот по породувањето бил „насилна транзиција во нова реалност со бебе што вреска“.
„И тогаш, во период кој изгледаше и интензивно и особено бавно, мојот брак се распадна. Шест месеци откако се роди мојот син, јас и сопругот престанавме да имаме секс.
Помалку од една година подоцна, бевме разделени“, пишува Емили.
Таа вели дека станала тоа од коешто најмногу се плашела – самохрана мајка и вели дека мразела кога забележувала дека луѓето ја сожалуваат.
Одовде есејот станува почуден.
Емили пишува дека како сингл мајка, сметала дека нејзината сексуалност исчезнала. Па, затоа решила да се ослободи од имиџот на „добра девојка“ и почнала да спие со многу мажи.
Вели и дека поставувала строги граници за ваквите средби – никогаш не преспивала во туѓ дом и секогаш си доаѓала дома пред 6 наутро за да може да се грижи за син ѝ.
„Пред разводот никогаш немав секс за една ноќ. Никогаш не спиев со некој што само сум го запознала.
Впрочем, имав спиено со само осум луѓе – со четворица од нив бев во сериозна врска, а еден од нив ми беше најдобар пријател во средно.
Немав секс со никој за кој не бев сигурна дека ќе се вљуби во мене бидејќи сакав да бидам посебна“.
Моделот пишува и дека се плашела дека мажите нема да ја посакуваат бидејќи има дете, па додава навистина чудна изјава:
„Во месеците по породувањето кога почнав да излегувам на состаноци, сфатив дека многу мажи ’се палат‘ од мајчинството“.