Емили Ратајковски критикувана за бизарниот есеј и фотосесија на која дои кукла: „Мажите ’се палат‘ на мајки“
Емили споделува и кои биле дел од нејзините сексуални партнери:
„Имаше графити уметник кој беше веган, готвач кој мислеше дека има кламидија, Шпанец од генерацијата Z кој не можеше да престане да ми праќа голи фотки, син на милијардер кој пиеше лекови на своја рака, неколку Италијанци и, секако, уште еден диџеј“.
Емили експлицитно опишува и неколку секс средби, па на моменти есејот наликува и на еротски роман. На пример, опишува како некој партнер ѝ рекол дека личи на Клеопатра кога имале орален секс.
Вели дека го правела сето ова бидејќи сакала да ја уништи „добрата девојка“ којашто била и да ја претвори во к**ва.
Моделот се соочи со остри критики и за есејот, и за бизарната фотосесија.
„Ова ми личи на очај. Некои жени се подготвени да направат буквално сè за внимание“.
„Ми личи како да има психоза“.
„Кога некој нема талент, мора да привлекува внимание со вакви луди есеи“.
„Зарем треба да пишуваш вакви работи за да натераш некој да ти го прочита есејот?“
Неколку медиуми издадоа и колумни од познати новинарки кои исто така ја критикуваат Емили.
Тие сметаат дека ова воопшто не е пример што треба да ги охрабрува жените бидејќи го прави спротивното – ги деградира.
Други, пак, коментираат и зошто воопшто напишала ваков есеј, кога пред само некоја година се жалеше за тоа што мажите ја сексуализирале.
Емили опишува и дел од породувањето, но повторно користи премногу вулгарни зборови.
„Пристигнав во болница и звучев како да го имам најдобриот оргазам во животот наместо да ја искусувам најстрашната болка што сум ја искусила…
Туркав со часови, го скинав мускулот помеѓу мојот задник и вагината. Мојата докторка користеше прсти за да и ми ја рашири вагината и ме изгреба и мене и деликатниот скалп на мојот син.
Дома, кога бев пуштена од болница, најдов мали гребаници на неговата глава кои беа исти како оние што ги имав меѓу нозете“.
Многу мајки коментираат дека еден ден можеби нејзиниот син ќе го прочита есејот и дека со овој параграф му покажува непочитување.
„Имам родено две деца. Сакам што сум мајка. Приказните за породувањето се најубавите и да, моментите во животот кои најмногу ме предизвикале.
Го гледам нивното раѓање како период кога сум се борела со Бог и тој ми дозволил да победам.
Исто така разведена сум и бев самохрана мајка, но никогаш не би го споделувала целото мое патување од почит кон мене и моите ќерки“, пишува британската колумнистка позната како Кенеди.
Иако некои велат дека им се допаѓа искреноста на есејот, сепак доминираат критики, генерално за експлицитните делови кои откриваат премногу детали.
Спирова С. | Црнобело