Потресни фотки од актерката од The Ring – преслаба и без свест во бездомнички шатор, само неколку месеци пред смртта
- Детали
- петок, 19 јуни 2026
Поранешниот менаџер на актерката Дејви Чејс сподели дека со години пробувал да ја пронајде, кога пред неколку месеци налетал на вознемирувачко видео од неа во шатор за бездомници. Кога менаџерот отишол да ја види, таа веќе си заминала. Истовремено, открива дека Дејви имала милиони на сметка, но поради зависноста од дрога, не ги ни допирала парите.

По веста дека починала актерката Дејви Чејс, најпозната по улогата на Самара во The Ring, почнаа да се споделуваат тажни детали за последните години од нејзиниот живот.
До вчера единствено беше познато дека актерката била во болница, со низа здравствени проблеми и дека наводно починала од неисхранетост. Сите овие информации беа споделени од маж кој се претставува како нејзин партнер.
Но, сега се огласи поранешниот менаџер на актерката, Џон Рајан, кој соработуваше со неа повеќе од цела деценија.
Семејството и пријателите на актерката со месеци очајно пробувале да ја лоцираат, а поранешниот менаџер открива дека бил најмен и приватен детектив со надеж дека ќе ја најде.
Џон Рајан открива дека кон крајот на 2025 година на социјалните мрежи налетал на видео од Дејви.
Видеото сега е избришано, но се споделуваат скриншоти од кои е јасно дека актерката била во навистина лоша состојба.
Видеото е снимено во област со бездомници во Лос Анџелес, во шатор.
На него се гледа преслаба девојка која лежи врз ќебиња. Од скриншотите не може да се види нејзиното лице, но менаџерот вели дека е таа.
Според изворите на TMZ кои ги споделија скриншотите, блиските на Дејви верувале дека кога е снимено видеото, таа имала едвај 35 килограми.
Нејзиниот менаџер, пак, открива дека штом го видел видеото, успеал да стапи во контакт со Дејви и се слушнал со неа по телефон.
Со полусестрата на Дејви се договориле да отидат во областа каде што била снимена за да ѝ помогнат.
Сакале прво да ѝ помогнат да се стабилизира, па потоа да ја однесат во центар за рехабилитација на Костарика.
Но, сите планови пропаднале во вода – кога менаџерот и сестрата на Дејви пристигнале во областа, актерката веќе не била таму.