Нова тужба за Кајли Џенер: Поранешна лична готвачка доживеала спонтан абортус поради малтретирањето
- Детали
- петок, 26 јуни 2026
Жена која ѝ била личен готвач на Кајли Џенер ја тужи ријалити ѕвездата, тврдејќи дека поради условите во кои работела доживеала спонтан абортус. Годинава, ова е трета тужба за Кајли од жени кои работеле за неа, но таа молчи за целата ситуација.

Кајли Џенер се соочува со уште една тужба од поранешна вработена, овој пат готвачка која тврди дека поради ужасните услови за работа, доживеала спонтан абортус.
Жената, чиј идентитет засега не е познат за јавноста, поднела тужба во понеделникот (22.06) во која открива дека била присилена да работи и по 12 часа дневно.
Исто така, Кајли ја терала да извршува тешка физичка работа иако имала бременост со висок ризик.
Жената почнала да работи за Кајли како нејзин личен готвач во ноември 2024 година. Следниот месец ги известила нејзините надредени дека е во трети месец од бременоста и дека нема да може да извршува одредени обврски кои бараат физички напор.
Сепак, како што тврди, за Нова година ја терале да пренесува тешки кутии со храна преку улица и по скали, без никаква помош.
Поради физичкиот напор, жената добила вртоглавица и имала отежнато дишење, па на крај на помош и дошол маж од обезбедувањето кој ѝ дал вода.
Друг инцидент се случил за време на роденденот на едно од децата на Кајли околу први февруари.
На жената ѝ било наредено самата да ја организира целата прослава, без никаква помош, без разлика што за работата биле потребни повеќе луѓе.
Нејзините менаџери ја игнорирале кога побарала помош.
„Поради премор и огромен физички напор, таа имала нервен слом во тоалетот додека траел настанот.
Истата ноќ почувствувал екстремен физички замор и тежина како резултат на долгиот и напорен работен ден“, стои во тужбата.
Следното утро, жената забележала дека кравари, па веднаш отишла во болница.
Овде ја известиле дека не можеле да го слушнат срцето на бебето и дека го изгубила.