Еден ја натерал да абортира, друг ја спасувал кога пробувала да се убие: Тажниот љубовен живот на Џуди Гарланд
Ваквите инциденти се случувале по нивната венчавка во 1952 година и помеѓу раѓањето на нивните две деца.
Овој период Сидни ја презел и улогата на менаџер на Џуди и всушност ѝ помогнал да си ја спаси кариерата.
Тие се развеле во 1965 година, а Џуди го обвинувала Сидни за насилство, тврдејќи дека честопати ја удирал.
По смртта на Џуди, Сидни пробуваше да го предаде нејзиниот Оскар што го доби за улогата во The Wizard of Oz.
Марк Херон
Истата година кога се развела од Сидни, Џуди се венчала со колегата Труман Марк Херон.
Впрочем, тие прво направиле церемонија претходната година, но чекале Џуди да го финализира разводот за нивниот брак да биде легален.
Но, ни овој брак не траел долго – по две години тие се развеле, а Џуди го обвинувала Марк дека ја тепа.
Марк ги негирал зборовите на Џуди, тврдејќи дека ја удрил „само во самоодбрана“.
Мики Динс
Најкраткиот брак на Џуди е и нејзиниот последен.
Тие се запознале така што Мики се преправал дека е лекар и ѝ носел лекови на Џуди.
Потоа почнале врска и во период од три години неколкупати раскинувале и се смирувале, пред да се венчаат во 1969 година.
Но, помалку од еден месец по свадбата, Џуди починала од предозирање.
Спирова С. | Црнобело