Ќерката на Бекамови отвора бизнис на 15 години, Викторија критикувана: „Не ја експлоатирајте, оставете ја да живее нормално“
- Детали
- недела, 26 јули 2026
„И на неа ѝ купивте бизнис“ / „Како да не, сама ти дошла со презентација на 15 години, те молам, оставете ја да живее како тинејџер“ – Викторија Бекам критикувана откако откри дека ќерка ѝ Харпер ќе започне бизнис со продукти за убавина за млади.

Веќе неколку месеци се зборува за тоа дека ќерката на Викторија и Дејвид Бекам, Харпер, ќе отвора свој бизнис, кој веројатно ќе се лансира следната година.
Станува збор за бренд за продукти за убавина за младите од генерациите Z и Алфа, а сега конечно е и официјално откриено името – Harlo by Harper.

15-годишната девојка ги следи стапките на својата мајка, која е многу горда што ќерка ѝ има претприемнички дух од млади години.
Во едно интервју, Викторија даде повеќе детали околу тоа како дошло до идејата:
„Таа дојде кај мене пред две-три години, кога имаше многу проблеми со својата кожа.
Порано имаше убава кожа, но потоа, како и сите други млади девојки, почна да става многу несоодветни продукти на лицето и нејзината кожа многу се уништи, па посетуваше и дерматолог.
И јас поминав низ такво искуство, имав акни и како дете, и како тинејџерка и како возрасна.
Таа ми рече: ‘Сакам да создадам бренд бидејќи знам што сакам и што не можам да најдам и знам низ што треба да поминат другите луѓе како мене.

Ми дојде со PowerPoint презентација за брендот кој сака да го создаде зашто се мачела со нејзината кожа’“.
И додека едни ја фалат за амбициозноста, други коментираат дека ова е уште едно сценарио на нејзините богати родители, кои сакаат да бидат во фокус и ги користат децата како марионети за свои бизнис цели и заработка.
Дел од коментарите гласат:
„Сигурно го направила тоа... Имаш ли објаснување за експлоатирање на вашето дете за брендот Бекам?“
„Викторија го следи трендот кој го лансираа сите ѕвезди – Kylie, Thode, Fenty, листата е бесконечна. Викторија веќе полека го лансира...“

„Ме изгуби на ‘сакаше да креира свој бренд’, те молам, има 14 години, каква PowerPoint презентација...“
„Треба да води живот на тинејџерка, не да маркетира продукти. Ниеден тинејџер не може да основа продукт, одморете ја ѝ дајте ѝ нормален живот“.
„Ја монетизирате вашата сопствена ќерка“.
„Во ред е да си амбициозен и да имаш претприемнички дух, но овие деца кои добиле лотарија уште со самото раѓање, не треба да се претставуваат како поамбициозни од нашите и како нашите да се пропалитети – лесно е да станеш милионер кога веќе си милионер“.
M. M. | Црнобело