„Обожавам ботокс, опседната сум со третмани со сперма од лосос“ - Хилари Даф (38) откри што прави за да блеска и по 4 деца
- Детали
- недела, 26 јули 2026
Хилари Даф има родено 4 деца, гордо ги покажуваше целулитот и стриите на плажа, а сега изгледа подобро од кога било и блеска, па призна: „Правам сè и сешто од третмани, обожавам ботокс, микронидлинг и процедури за лице со сперма од лосос“.

Хилари Даф се прослави уште во детството, кога ја имаше улогата на Лизи Мегвајер во истоимениот тинејџерски филм.
Во меѓувреме, освен на кариерата, таа беше многу посветен и на мајчинството и роди четири деца.
Најстариот син Лука (14) го има со поранешниот сопруг, а другите три деца, кои имаат 7, 5 и 2 години, ги доби од сегашниот сопруг Метју Кома.

Таа во минатото честопати отворено зборуваше дека е сосема нормално женското тело да биде со стрии и целулит, а на фановите им сподели и моменти од породувањето во вода.

Сега, по долго време, таа реши да се наврати малку и на музичката кариера и веќе неколку месеци има турнеја, со која ги наврати сите обожаватели на времето од 2000-тите години.
По повод нова соработка со бренд за парфеми и козметика со овошни вкусови, Даф сними кампања полугола, а вели дека овој проект целосно ѝ одговара на фазата во којашто се наоѓа моментално, кога повторно се навраќа на себеси.
Таа вели дека нејзиниот пристап кон убавината се има многу променето сега за разлика од 20-тите години, бидејќи морала да ја приспособи на времето што го има додека се обидува да спреми 4 деца да излезат од дома.

„Изгледам многу моќно, хидрирано, навлажнето, сочно, баш како што сакам. Мирисите се многу слатки.

Имаше фаза од мојот живот кога сè беше многу тешко, некако мажествено, а сега веќе не сум во таа ера. Па овие производи ми помагаат да се чувствувам уште подобро.
Порано ми требаа часови за да се подготвам да излезам. Ние мајките имаме 4 минути за да се средиме. Децата доаѓаат на прво место.
Многу подобро се чувствувам кога користам неколку испробани продукти кои знам дека функционираат.
Голем фан сум и на пиење вода. Ставам куп прашоци во пијалаците“ – вели таа во интервју за People.

Актерката и пејачка е прилично искрена и за третманите за нега на кожа, заради кои изгледа блескаво, како да нема никаква трага од умор и стареење на неа.
„Правам секакви работи. Обожавам ботокс. Опседната сум со микронидлинг и со сперма од лосос за третмани за лице. Ова многу ми помага.
Го терам и мојот сопруг да ги прави овие третмани со сперма од лосос. И тој е опседнат, ги обожава“.
Повеќе нови фотки од Хилари:
М. М. | Црнобело