Ѕвездите живеат во домови како од бајките

Се прашувате каде ли живеат секогаш беспрекорните ѕвезди, како ли им изгледа еден обичен ден во нивниот дом? Тие уживаат во големи градини, базени, џакузи и терени на кои може да го поминат целиот ден и повторно да го сметаат за продуктивен и максимално искористен.

zvezdite-ziveat-vo-domovi-kako-od-bajkite-01

Судејќи по надворешноста на овие неколку домови на познатите, речиси е незамисливо ентериерот да биде помалку уреден.

Вака изгледаат куќите на славните кои го живеат сонот на секој човек на планетава. Исто како во бајките...

Ким Кардашијан и Кание Вест

Резиденцијата на овој млад пар се проценува на 11 милиони долари. Вилата е уредена во медитерански стил и располага со пет спални соби, седум бањи, вински подрум, огромна кујна... Сето тоа на околу 800 метри квадратни.

zvezdite-ziveat-vo-domovi-kako-od-bajkite-02

Анџелина Џоли и Бред Пит

Пред да се одлучат да ја купат, оваа куќа Бред и Анџелина ја изнајмуваа за 30 илјади фунти месечно. Топлиот дом на познатиот пар, покрај луксузно опремената внатрешност, содржи затворен базен и прекрасна градина.

zvezdite-ziveat-vo-domovi-kako-od-bajkite-03

Џон Траволта

Неговиот дом изгледа како мини аеродром, со многу стази и паркинзи за личниот превоз. Возниот парк на Џон Траволта содржи и Боинг 707Б, покрај неколкуте луксузни автомобили. Дизајниран е така што авионите го оставаат точно пред врата.

zvezdite-ziveat-vo-domovi-kako-od-bajkite-04

Викторија и Дејвид Бекам

Оваа вила Бекамови ја купија уште во 1999та година за нешто повеќе од 2 милиони фунти. Нејзината надворешност е прекрасна и содржи огромен базен, сала за билијард, теретана, како и тениски терени.

zvezdite-ziveat-vo-domovi-kako-od-bajkite-05

Опра Винфри

Куќата на Опра зафаќа цели 42 хектари земјиште, а во внатрешноста на куќата се наоѓаат шест спални соби, четиринаесет бањи и десет камини.

zvezdite-ziveat-vo-domovi-kako-od-bajkite-06

Хали Бери

Вредноста на домот на оваа актерка се проценува на цели 8 милиони долари. Оправдување за оваа цена е тоа што таа се наоѓа на една од најпосакуваните плажи во светот. Замислете го само заоѓањето на сонцето на оваа тераса... Совршено!

zvezdite-ziveat-vo-domovi-kako-od-bajkite-07

Бритни Спирс

Резиденцијата на оваа позната пејачка брои точно десет спални соби, тринаесет бањи, тениски терен, базен, водопади, играчница, како и огромна кујна за готвачот кој го изнајмува.

zvezdite-ziveat-vo-domovi-kako-od-bajkite-08

Мараја Кери

Од Мараја не се ни очекува ништо друго освен луксуз и раскош. Нејзината куќа во Лос Анџелес брои пет спални соби, библиотека, базен, тениски терен... Ни малку скромно!

zvezdite-ziveat-vo-domovi-kako-od-bajkite-09

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
Првиот сопруг 16 години живее на нејзина сметка, но со вториот ја научи лекцијата - Колку пари ќе до... Богатството на Бритни Спирс „тежи“ околу 60 милиони долари, а нејзиниот прв сопр...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg