Топ 10 најсексипилни жени за 2013 година

Машкиот магазин „ФХМ“ објави листа на 100 најсексапилни жени во светот.

top-10-najseksapilni-zeni-za-2013-godina-001

Ова се 10 од нив, за кои тие сметаат дека се неодоливи:

1. Џорџија Салпс

Џорџија е ирска манекенка со грчко потекло, која се прославила со британската верзија на реалното шоу „Големиот брат“. По тамошното учество и појавувањето во многу други емисии, станала миленичка на многу мажи, меѓу кои и читателите на „ФХМ“ магазинот, кои ја издвоиле особено на оваа листа, ставајќи ја и на насловната страница.

top-10-najseksapilni-zeni-za-2013-godina-01

2. Шерил Кол

Шерил е позната пејачка, танчарка и телевизиска личност, која својата кариера ја почна во музичките реални шоуа, особено е позната како една од судиите на шоуто „X-фактор“.

Покрај тоа што е позната како музичка личност, таа често е фотографирана за модните списанија, има насловна страница на списанието „Вог“, а со исклучително убавите црти на лицето, стана заштитно лице на козметичката индустрија „Лореал“.  Исто така, важи за една од најубавите Британки, која ги поставува модните трендови.

top-10-najseksapilni-zeni-za-2013-godina-02

3. Кејт Аптон

Прекрасната русокоса  својот пат до ѕвездите го почнала со фотографирање во костими за капење за магазинот „Спортс Илустрејтед“.

Спротивно на предвидувањата на модните критичари, кои ја сметале за премногу обична за да стане значајна личност во високата мода, таа за само две години, откако станала познато име меѓу моделите во костими за капење, преку насловните страници на американскиот и на британскиот „Вог“, стигнала до титулата најдобар модел за 2013 година.

top-10-najseksapilni-zeni-za-2013-godina-03

4. Пикси Лот

Слатката 22-годишна Пикси, никогаш не се трудела да се наметне како убавица, и својата кариера од 2009 година ја гради како пејачка, танчарка и текстописец. Но, привлечните облини и убавото лице направија да не биде изоставена од оваа листа.

top-10-najseksapilni-zeni-za-2013-godina-04

5. Кајли Куоко

Иако не може да се каже дека оваа американска глумица го достигнала врвот на холивудската А листа, сепак доби голема популарност со учеството во тв-сериите The Big Bang theory и 8 simply rules. И додека за место на другите листи ѝ треба уште многу борба, на оваа веќе си го обезбедила.       

top-10-najseksapilni-zeni-za-2013-godina-05

6. Кели Брук

Оваа 34-годишна манекенка, глумица и тв-презентерка, веќе долго време е присутна во шоу бизнисот и за сето тоа време го одзема здивот на мажите.

Иако кариерата ја започнала пред 20 години, очигледно на посилниот пол сè уште не им досадила, па често го наоѓа своето место на ваквите листи.

top-10-najseksapilni-zeni-za-2013-godina-06

7. Мишел Киган

Мишел Киган е британска глумица која успеала да добие улоги во неколку серии, но сè уште ја чека својата голема шанса.

Сепак за да се биде успешен, не мора да сте омилен лик во Холивуд, а тоа многу добро го знае 26-годишната Мишел, па својата кариера ја гради користејќи ја  својата егзотична убавина за да флертува со телевизиските камери.

На вакви листи, покрај оваа, од 2008 до сега се има појавено десетина пати.

top-10-najseksapilni-zeni-za-2013-godina-07

8. Хелен Фленеган

Уште една русокоса девојка која е глумица, модел, телевизиско лице и учесничка во реални шоуа. Покрај сето ова, таа е позната и како долгогодишна девојка на фудбалерот од Манчестер Сити, Скот Синклер.

Од сите Британки на оваа листа, нејзините сонародници ја избраа токму неа за најсексапилна.  

top-10-najseksapilni-zeni-za-2013-godina-08

9. Ријана

Постојано различна, посебна, ексцентрична, нова, а секогаш секси. Колку често и да го менува изгледот, сексапилот на најпознатата жена од Барбадос никогаш не е компромитиран. Затоа таа се наоѓа речиси на врвот на оваа листа.

top-10-najseksapilni-zeni-za-2013-godina-09

10. Мила Кунис

Изгледа разголените девојки излегуваат од мода, а и момците сè повеќе го развиваат добриот вкус за убавина и сексапил , дозволувајќи  да се развие фантазијата за она што се крие под облеката. Токму затоа, на оваа листа се најде и американската глумица со украинско потекло, Мила Кунис.

top-10-najseksapilni-zeni-za-2013-godina-10

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...

Најчитани неделава