Интервју: Ламбе ѝ готви италијанска паста на Магдалена и подготвува своја песна за Скопскиот фестивал

Премногу промени во животот и кариерата. Овековечена долгата љубов со Магдалена, наскоро очекуваат и дете. Нова кариера со „План Б“ продукција, малку променет имиџ и нови планови и цели кон успехот.

intervju-lambe-albakovski-i-gotvi-italijanska-pasta-na-magdalena-i-podgotvuva-svoja-pesna-za-skopskiot-festival-01

Ламбе ни ги откри своите планови, секојдневни навики и омилени работи.

1. Неодамна премина во музичката продукција „План Б“, што е она што те привлече за да се одлучиш на таков чекор?

- Едноставно сакав да продолжам да бидам дел од музичката сцена, од публиката, настапите. И аманетот од мојата мајка беше да продолжам. Моја обврска е да го умножам дарот од Бога! Нашето познавање со Кристијан План Б е од порано и секогаш било во коректен однос. Тие се млади, амбициозни, професионални и мислам дека ќе имаме одлична соработка.

2. Дали има некои планирани промени во твојата кариера откако си во „План Б“?

- Сè уште е рано да наредам работи кои се случиле или се испланирани, но ја чувствувам таа млада енергија и динамика во тоа како се одвиваат работите!

3. Колку се промени твојот живот по венчавката со Магдалена?

- Секако дека се промени на подобро, можеби некои работи се променија, но главно сè е исто! Се трудам да ѝ посветам време нејзе и на нашите најмили, а секако дека неизбежни се и некои обврски кон домот.

4. Дали планираш да се посветиш поинтензивно на кариерата или на семејниот живот?

- Сакам да се посветам целосно на двете работи. Секогаш ќе има искушенија и некое ќе трпи, но тоа не смее да премине во навика. Ако добро го организираш времето ќе имаш доволно за сè!

5. Ќе има ли некои промени во музичкиот стил или твојот имиџ кои ќе те покажат во поинакво светло од она што беше досега познато?

- Може да се каже дека искуството од претходно ќе доведе до некои промени. Сакаме малку да вметнеме нешто што ние го чувствуваме најдобро во нашите гени, тоа е Балканот. Се надевам ќе успееме, а тука се и модерните битови кои многу добро се слушаат во последно време.

intervju-lambe-albakovski-i-gotvi-italijanska-pasta-na-magdalena-i-podgotvuva-svoja-pesna-za-skopskiot-festival-2

6. Ти претстои настапот на Скопски фестивал. Како ќе се претставиш и што планираш после тоа?

- На Скопскиот фестивал ќе излезам со балада, одлична композиција, дело на Јован Јованов, а на текстот се потпишувам јас. Ќе бидам облечен во креација на Елена Лука и ќе биде емотивен сценски настап. Продолжувам да работам со бендот „Градус“, со концерти низ Македонија и пошироко.

7. Што очекуваш од новата продукција?

- Очекувам да имаме одлична соработка со оглед на нивното и моето искуство, се работи со полна пареа, така што ќе има резултат. Ќе видиме, за тоа ќе одлучи публиката.

8. Дали има конкретна причина за прекинувањето на соработката со „М2“ или е тоа на професионално ниво и поради подобри услови?

- Ние остануваме одлични пријатели, таа приказна можеби требаше да се заврши така успешно. Нема особена причина, едноставно секој тргнува по свој пат.

9. Ти претставува ли предизвик тоа што ќе гостуваш на концертот на Џибони?

- Се разбира, тој е еден одличен музичар, пејач и кантавтор. Има напишано многу песни, меѓу кои мислам дека и онаа на Оливер Драгоевиќ, „Молитва за Магдалену“, која ми е омилена. Настапувам со оркестар со нов оркестар на моите песни, за тоа се грижи Владимир Димовски, мој одличен пријател. Мислам дека ќе ми биде уште едно искуство плус.

10. Што е она што те инспирира кога треба да создадеш нешто ново и различно?

- Ме инспирира секојдневието, луѓето, сториите за нив, природата, се што ме опкружува, ако се подразмислите, сè е премудро создадено.

intervju-lambe-albakovski-i-gotvi-italijanska-pasta-na-magdalena-i-podgotvuva-svoja-pesna-za-skopskiot-festival-1

Откриј ни неколку интересни работи за тебе:

Во кафуле вообичаено нарачувам мало еспресо.

Не би можел да се откажам од автомобилот.

Најдобро знам да зготвам италијански шпагети, паста.

Моја најлоша навика е што доцнам со мојот појадок.

Најмногу сакам да носам џинс.

За 10 години сакам здравје, здравје, здравје.

Ме нервира лицемерие, горделивост, суета.

Уживам во природа, Преспа.

Ми недостига време за фудбал.

Ако треба цел свет да ме слушне, ќе кажам: „Љубете се и простувајте“.

Би можело да ве интересира:

Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg