Љубовта нема цена – необично љубовно барање до продуцентите на „X – Фактор Адриа“

За да ѝ покаже на девојката колку ја сака, Борис Влаховиќ од Црна Гора, напишал трогателно писмо до продукцијата на „X - Фактор Адриа“, замолувајќи ги да му ја дадат целата видео снимка од аудицијата на која учествуваше неговата девојка.

ljubovta-nema-cena-neobicno-ljubovno-baranje-do-producentite-na-x-faktor-adria-01

Борис имал само една желба: да ја добие снимката од целосниот настап на девојката, за да може да ѝ го подари на годишнината од нивната љубов.

Се работи за Моника Кнезовиќ од Подгорица, која во последната аудиција го воодушеви жирито со својата интерпретација. Оваа убава дваесетгодишна девојка, на инсистирање на Емина, настапот му го посвети на своето момче кое во еден момент исто така се најде на сцената на ова популарно музичко натпреварување.

„Моника и јас сме во врска речиси една година. Таа со големо нетрпение ја чекаше аудицијата на  „X – Фактор Адриа“. Секој ден зборуваше како едвај чека да се прикаже нејзиниот настап, особено затоа што жирито и мене ме повика на сцената. Сепак, нејзиниот настап беше скратен и таа беше длабоко разочарана. Многу ја сакам и не можам да поднесам да ја гледам тажна. Си реков дека ќе направам сè што треба, ако треба и ќе тргнам за Белград само да ве замолам да ми го обезбедите целиот настап и да ѝ го подарам на денот кога ќе ја славиме годишнината од нашата љубов.Знам дека тоа многу ќе ѝ значи и дека ќе биде воодушевена“. – напишал Борис во писмото.

Продукцијата била пријатно изненадена со необичното љубовно барање и му излезе во пресрет на вљубениот пар.

„Точно е дека Борис нè контактираше и вистина е дека сме презафатени со монтажите, но навистина бевме пријатно изненадени со неговото писмо и желбата да ја добие снимката, па со задоволство му излеговме во пресрет. Продукцијата на „X - Фактор“ секогаш гласа за љубов. На Моника и Борис им посакуваме среќна годишнина од нивната љубовна приказна и уште многу години да поминат заедно“. – рече портпаролот на „ X – Фактор Адриа“, Милена Поповиќ.

ljubovta-nema-cena-neobicno-ljubovno-baranje-do-producentite-na-x-faktor-adria-1

ljubovta-nema-cena-neobicno-ljubovno-baranje-do-producentite-na-x-faktor-adria-2

Погледнете го настапот на Моника пред нејзиното момче

Би можело да ве интересира:

Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год... Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава