Премиера на „Класата `92“ од Манчестер Јунајтед

Премиерата на долгоочекуваниот документарен филм за легендарната генерација фудбалери на англискиот тим Манчестер Јунајтед се случи вчера, во Лондон.

premierata-na-klasata-92-od-manchester-united- 01

На премиерата се појавија главните ликови на кои е посветен овој филм, фудбалските легенди Дејвид Бекам, Пол Сколс, Рајан Гигс, Ники Бат, Гери Невил и Фил Невил.

Покрај нив на црвениот тепих се појавија и Викторија  Бекам со синовите Бруклин, Ромео и Круз, Хери Стајлс и Лиам од One Direction, како и многу други фудбалски легенди, спортски експерти и поддржувачи на оваа генерација фудбалери кои оставија значаен впечаток во англиската премиер лига.

Овој филм го опфаќа периодот од 1992 година кога во тимот се собраа токму овие шест момчиња и тргнаа во незапирлив поход кој денес ги направи вистински легенди, па сè до 1999 година кога го достигнаа својот најголем триумф во Барселона и ја освоија тројната круна.

Покрај фудбалските достигнувања, победи, голови и блескави моменти, во документарецот се забележани и клучните пресврти, културни, социјални и политички случувања во Велика Британија.

Она што е значајно е дека покрај овие шест легенди кои ги раскажуваат своите приказни, во филмот се прикажуваат и интервјуа со легенди како Ерик Кантона, Зинедин Зидан и други.

Зачудувачки е што во филмот не се појавува таткото на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, но според објаснувањето на еден од директорите на филмот, Гејб Тарнер, сакале да го избегнат неговото влијание со оглед на тоа што секогаш се слуша неговиот збор и важи за најголем императив, овојпат сакале целосното значење да им го дадат на фудбалските ѕвезди.

Овој филм навистина покажува како растат и се развиваат 6 легенди кои пишуваат историја, оставаат белег и покажуваат што значи вистински тим, вистинска преданост, тимска игра, борбеност, верба и успех каков што секој тим би посакувал. Шест легенди кои прават историски тим, класа `92!

Вреди да се погледне.

Погледнете ја галеријата од црвениот тепих на премиерата и дел од сцените во филмот

Би можело да ве интересира:

Џастин Трудо како тинејџер - Ја гали Кети Пери по задникот на црвен тепих, ја гледа страсно Поранешниот канадски премиер не може да се воздржи на црвениот тепих и ја допира...
Од анонимен статист, до ѕвезда што ја освои и Зендеја: Како Џејкоб Елорди стана најпосакуваниот ерге... Во период од само неколку години, Џејкоб Елорди стана еден од најбараните холиву...
Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се новиот славен пар: Џастин Бибер им бил „стројник“, безуспешно пробув... Кендал Џенер и Џејкоб Елроди почнале да се гледаат уште во февруари, а Крис Џене...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Не фаќа кваки од врати и чека некој да ѝ отвори, јаде ист оброк 30 години – Чудните навики на Виктор... Од 1997-ма секој ден го јаде истиот оброк од што Дејвид е разочаран, се верува д...
„Тројката се распадна, преку глава ѝ е од драмата“ – Зошто Селена Гомез се оддалечи од Бруклин Бекам... „Преку глава ѝ е од драмата што ја прават тие двајца. Кругот на пријатели секој ...

Најчитани неделава