Ги погледнавте ли првите танци од втората сезона на „Танц со ѕвездите“?

На новогодишната ноќ, на Македонската телевизија беше прикажана првата промотивна емисија од втората сезона на едно од најпопуларните шоуа „Танц со ѕвездите“.

gi-poglednavte-li-prvite-tanci-od-vtorata-sezona-na-tanc-so-zvezdite-01

Водителот Тони Михајловски веќе беше познат, а неговата партнерка, водителка која ја држеа во тајност е згодната Марјана Станојковска.Таа во минатата сезона беше една од подобрите натпреварувачки меѓу ѕвездите.

Измени имаше и во жирито, каде на местото на Миланка Рашиќ, оваа година ќе биде Васил Зафирчев, кој исто така беше дел од натпреварувачите лани, но за жал поради повреда на ногаta, мораше прерано да го напушти шоуто.

Танчерите од „Прима Данца“ остануваат речиси сите исти, а ѕвездите кои ќе учат да танцуваат се сосем нови.

Својот фаворит може да го одберете меѓу: гитаристот од „Нокаут“ Владимир Крстевски- Франц, пејачката Сара Мејс, каратистката Наташа Илиевска, ватерполистот и фотомодел Стефан Лошковски, пливачката Наташа Мешковска, презентерката Маријана Димовска, манекенката Александра Накова, актерот Мартин Јордановски , водителот Димитар Атанасовски и актерот и пејач Влатко Илиевски.

Погледнете ги танцовите двојки со првите промотивни танци пред да почнат емисиите од натпреварувачки карактер, каде секоја емисија еден пар според гласовите и критиките ќе излегува од шоуто.

1. Александра Накова и Илија Карадаковски



2. Маријана Димовска и Боби Трајковски



3. Франц и Наде Миленкова



4. Наташа Мешковска и Роланд Паради



5. Мартин Јордановски и Ивана Ристевска



6. Димитар Атанасовски и Јована Василева



7. Сара Мејс и Мишо Спасовски



8. Влатко Илиевски и Наташа Овезовска



9. Стефан Лошковски и Симона Веселиновска



10. Наташа Илиевска и Даниел Кимовски

Би можело да ве интересира:

Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск? Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Кијану Ривс на 61 година првпат стапи во брак - Тајно се венча со саканата Александра „Венчавката се случи во текот на летото во Европа, беше многу дискретна, многу и...
Продавала овошје на тезга, па се омажи во едно од најбогатите семејства: Најубавата руска манекенка ... Наталија Водјанова на 44-годишна возраст чека уште едно дете со сопругот милијар...
Татко ѝ ја оставил на метро станица, во 30-тите се прослави преку ноќ: Тешкиот пат до успехот на Син... Откако татко ѝ ја напуштил на 16-годишна возраст, Синтија останала со нејзината ...

Најчитани неделава