За што лажат славните? 6 добро чувани тајни - конечно откриени

Некои лажат за потеклото, некои за врските, некои за годините... Но, и во светот на славните лагите имаат кратки нозе.

za-sto-lazat-slavnite-6-dobro-cuvani-tajni-konecno-otkrieni-01

Еве за што лажат најголемите ѕвезди на денешницата:

Анџелина Џоли и Бред Пит за почетокот на својата врска

Додека Бред Пит се уште беше во брак со Џенифер Анистон, тој и Анџелина се зближија - и покрај тоа што одрекуваа.

Неколку години по филмот „Господин и госпоѓа Смит“, Анџелина случајно откри дека подолго време лажеле за нивната врска.

- Нашите деца еден ден неверојатно многу ќе го ценат тој филм. Нема многу дечиња кои можат да го погледнат филмот во кој нивните родители им се заљубиле и станале пар, отворено признала Џоли.

za-sto-lazat-slavnite-6-dobro-cuvani-tajni-konecno-otkrieni-02

Ким Кардашијан не снимила порно филм

Да не снимеше порно филм со Ray J, денес Ким не би било планетарно позната.

Сепак, во 2006 година лажеше за тоа. Во тоа време се забавуваше со сегашниот сопруг на Мараја Кери, на кој му рекла дека приказните за домашното видео се чиста измислица.

za-sto-lazat-slavnite-6-dobro-cuvani-tajni-konecno-otkrieni-03

Рапер кој мисли дека поседува авион

- Секако дека имам сопствен авион. Па, како би бил славен ако го немам? Јас сепак сум господин! Но, не секогаш патувам со сопствен авион заради тоа што сакам да ги избегнам дополнителните трошоци, е изјавата на Пи Диди.

Сепак, раперот во своја сопственост нема приватен авион, туку повремено го изнајмува.

za-sto-lazat-slavnite-6-dobro-cuvani-tajni-konecno-otkrieni-04

Крис Браун се сеќава дека ја тепал Ријана

- Никогаш во животот не сум бил насилен, ниту пак некого сум претепал. Отсекогаш сум бил смирен, дури многу повеќе од луѓето со кои се дружам, изјавил Крис Браун во шоуто на Лери Кинг.

Водителот го опоменал дека тоа што го зборува не е вистина, затоа што непосредно пред програмата во живо и се заканил на Ријана.

Браун се преправал дека нема појма за што зборува Кинг и повторно изјави дека не се сеќава на таков инцидент.

za-sto-lazat-slavnite-6-dobro-cuvani-tajni-konecno-otkrieni-05

Џенифер Лопез ги крие годините

Ботокс, операции, вежбање, здрава исхрана и шминка. Нема што не би направила за да остане млада.

Но, додека беше во врска со Пи Диди, зборуваше дека е една цела година помлада од него, односно дека е родена во 1970.

Но, вистината излезе во јавноста која таа и раперот со кој тогаш беше во врска мораа да сведочат заради скандал во еден клуб. И тогаш се откри дека Џенифер всушност е родена во 1969 година.

za-sto-lazat-slavnite-6-dobro-cuvani-tajni-konecno-otkrieni-06

Мајли лажеше за бракот со Лиам

- Лиам е мој маж! Се венчавме во тајност - откри Мајли Сајрус за Космополитен.

Мајли не само што ја измисли оваа тајна венчавка, туку многу брзо потоа Лиам ја прекина нивната љубовна врска.

Би можело да ве интересира:

Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава