Танцот што го расплака и најстрогиот судија (видео)

На вчерашното големо финале од втората сезона на „Танц со ѕвездите 2“ финалниот танц кој го одиграа Сара Мејс и Мишо Спасовски, никого не остави рамнодушен.

tancot-sto-go-rasplaka-i-najstrogiot-sudija-video-01

Во категоријата Free style секој од паровите можеше да одбере песна и да направи сопствена кореографија со која ќе се покаже во најдобро светло.

Овој танц бил договор помеѓу Мишо Спасовски и минатогодишниот победник, кајакарот Атанас Николовски.

Заедно ја подготвувале кореографијата, а на Сара останало само да ја научи. Не можеше ниту да се претпостави што нѐ очекува на подиумот.

Танцуваа на моќната македонска  традиционална песна „Со маки сум се родила“ на која изведоа премногу емотивен танц, стилизиран со етно елементи, делови од орото „Тешкото“, многу драматични моменти и успеаја да раскажат цела приказна за борбата и маката на македонскиот народ.

Сето тоа придонесе за неверојатна атмосфера и меѓу публиката, но и кај сите кои неизбежно се соживеаја со целата изведба.

tancot-sto-go-rasplaka-i-najstrogiot-sudija-video-2

На крајот на танцот сите станаа да им аплаудираат, а покрај тоа што се расплака танчерот Мишо Спасовски, солзите не можеше да ги задржи ниту најстрогиот судија, Влатко, што се случува за првпат во овие две сезони.

Секако, за оваа изведба ги добија сите највисоки оценки, но, сепак според гласовите на публиката победници во финалето се Наташа Илиевска и Даниел Кимовски.


Погледнете го моќниот и емотивен танц на Сара Мејс и Мишо Спасовски:

Би можело да ве интересира:

Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Продавала овошје на тезга, па се омажи во едно од најбогатите семејства: Најубавата руска манекенка ... Наталија Водјанова на 44-годишна возраст чека уште едно дете со сопругот милијар...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Најомразените дадилки во Холивуд кои уништија цели семејства Бракот на Џенифер Гарнер и Бен Афлек заврши поради неговата афера со дадилка, а ...
Сакала да ѝ ја уништи кариерата, афера со Џеј Зи: Детали за „тајната војна“ меѓу Бијонсе и Ријана Кога Ријана почна да се прославува, Бијонсе ја гледала како закана, па се зборув...
Проба да киднапира дете, работеше во Индија нелегално: Приказни за Линдзи Лохан кои звучат измислено... Линдзи Лохан направила долг од 46.000 долари во луксузен хотел во Лос Анџелес. О...

Најчитани неделава