Сè е подготвено за свадбата на Новак и Јелена (фото)

Утре и задутре (9ти и 10ти јули) конечно ќе се одржи долгоочекуваната венчавка на српскиот и светски број еден тенисер, Новак Ѓоковиќ со неговата избраничка Јелена Ристиќ.

se-e-podgotveno-za-svadbata-na-novak-i-jelena-foto-01

За оваа прилика тој ја изнајмил најскапата и најлуксузната вила на Св. Стефан каде некогаш престојувале и светски ѕвезди како Елизабет Тејлор и Силвестер Сталоне.

Веќе неколку дена местото е целосно обезбедено и никој не смее да поминува.  Подготовките се завршени и сè е во најдобар ред. За самиот чин на венчавање одбрана е Кралската плажа.

se-e-podgotveno-za-svadbata-na-novak-i-jelena-foto-1
se-e-podgotveno-za-svadbata-na-novak-i-jelena-foto-4
se-e-podgotveno-za-svadbata-na-novak-i-jelena-foto-5

На свадбата ќе присуствуваат околу 150 гости, меѓу кои и голем број познати личности, кои освен комфорното сместување на располагање ќе имаат и голем велнес центар. Младенците ќе бидат сместени во вилата 118 во кралскиот апартман од 165 квадрати, каде едно ноќевање чини 3000 евра.

se-e-podgotveno-za-svadbata-na-novak-i-jelena-foto-2

se-e-podgotveno-za-svadbata-na-novak-i-jelena-foto-3

Гостите ќе ги забавува оркестарот на Мише Мијатовиќ и „Фемили бенд“. Народната музика ќе доминира на свадбата што не е чудно бидејќи познато е дека Новак е голем обожавател на Светлана Цеца Ражнатовиќ, а планирани се и хитовите од Здравко Чолиќ и Северина Вучковиќ, Мирослав Илиќ, Милица Тодоровиќ, џез-пејачката Лена Ковачевиќ и Жељко Самарџиќ.

Би можело да ве интересира:

Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќ... „Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен та...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Славни парови кои се свршија, но не стигнаа до олтар: Џулија Робертс избегала од дома 3 дена пред св... Деми Мур дознала дека свршеникот Емилио Естевез ја изневерува кога веќе ги испра...
Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на го... Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R по...
Гвинет Палтроу (52) ги покажа брчките на лицето, фановите ја фалат: „Конечно реална фотка, без филтр... Гвинет Палтроу старее природно и не се срами да објави фотка без филтри, на која...
Ал Пачино жали што не се венчал со Дајан Китон: „Беше љубовта на неговиот живот, а сега е предоцна“ По смртта на актерката Дајан Китон, Ал Пачино жалел за неговата најголема грешка...

Најчитани неделава