Сите мајки против Ким Кардашијан: Зошто 4-годишната Норт носи фустан со корсет?
- Детали
- четврток, 13 јули 2017
Ким Кардашијан има нова битка за водење. Голем процент од мајките кои ги видоа најновите фотки од Норт Вест, ја нападнаа заради фустанот кој 4-годишната ќерка на Ким и Канје го има на себе.
Ријалити ѕвездата се соочи со нов бран онлајн напади откако фустанот на Норт беше карактеризиран како непристоен за возраста.
Корсетот не е нешто што било кое дете треба да го облече, а сигурно не на 4 години – главно вака се одвиваа онлајн дискусиите.
Ким дури и се оправда, објаснувајќи: „Никогаш не би ѝ облекла корсет на мојата ќерка. Се работи за памучен фустан кој се врзува и само личи на корсет. Само декорација!“
Фустанчето изгледа вака, а вие проценете на чија страна ќе застанете:
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





