Адел го чепка носот, Бритни Спирс грицка нокти: Што прават славните кога никој не ги гледа?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Адел го чепка носот, Бритни Спирс грицка нокти: Што прават славните кога никој не ги гледа?

Како и сите останати луѓе, така и славните личности имаат по некоја слабост од која не можат да се одвикнат.

adele-go-chepka-nosot-britney-spears-gricka-nokti-shto-pravat-slavnite-koga-nikoj-ne-gi-gleda-01.jpg

Некој има навика да грицка нокти, друг да запали по некоја цигара иако не е пушач, а трети пак, имаат навика да појадуваат под туш.

Некои од работите кои славните ги прават кога никој не ги гледа се сосема нормални и очекувани, но мора да признаеме дека дел од нив имаат навистина чудни навики.

Погледнете кои се необичните тајни навики на овие 10 познати дами:

Мишел Вилијамс појадува под туш

Некој сака да појадува бавно и да ужива, некој пак дури и го пропушта или го јаде „на нога“. Но, актерката Мишел Вилијамс сака да прави чудни работи додека се тушира, како што е пиење кафе, миење заби и пиење смути.

Таа вели дека не мора да се појадува додека се седи на маса, вака се заштедува повеќе време.

adele-go-chepka-nosot-britney-spears-gricka-nokti-shto-pravat-slavnite-koga-nikoj-ne-gi-gleda-02.jpg

Џесика Симпсон е фан на никотинските гуми за џвакање

„Фан сум на никотинските гуми за џвакање, иако никогаш не сум пушела цигари. Првиот пат кога пробав ми беа многу вкусни и интересни.“ – вели таа.

adele-go-chepka-nosot-britney-spears-gricka-nokti-shto-pravat-slavnite-koga-nikoj-ne-gi-gleda-03.jpg

Ана Кендрик е колекционер на стари шампони

Сите имаат чудни начини на кои си создаваат спомени, а Ана го окрива нејзиниот: „Можеби е малку невкусно, но имам навика да ги собирам сите лосиони и шампони од филмовите кои ги снимам. Ова е обично евтина козметика од аптеки што ја купувам за време на снимањата и имам посебна кутија за нив. А, кога ќе ја отворам, мирисот кој се шири веднаш ме враќа на тој период.“

adele-go-chepka-nosot-britney-spears-gricka-nokti-shto-pravat-slavnite-koga-nikoj-ne-gi-gleda-04.jpg

Криси Тајген ги лиже зачините од чипсот

Секоја жена има трикови со кои ја одржува фигурата, а истовремено не си ги скратува задоволствата. А, ова е трикот на Криси: „Јадам чипс вака – го вадам чипсот, ги лизнувам зачините од него и го враќам назад. Така го вкусувам чипсот, но немам плус калории.“

adele-go-chepka-nosot-britney-spears-gricka-nokti-shto-pravat-slavnite-koga-nikoj-ne-gi-gleda-05.jpg

Кристен Стјуарт купува чевли со помал број

„Купував чевли со помал број, мислејќи дека изгледам подобро во нив. Се уверував дека носам 36.5, а всушност носев 38, па потоа морав да фрлам околу 50 пара чевли бидејќи сфатив дека се повредувам.“

adele-go-chepka-nosot-britney-spears-gricka-nokti-shto-pravat-slavnite-koga-nikoj-ne-gi-gleda-06.jpg

Уште 5 ѕвезди и нивните навики на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Славните личности и нивните деца - копии на нив (фото) Ако сте родител, прекрасно е чувството да видите колку децата личат на вас. ...
Никој не е совршен: Ѕвезди кои биле во затвор Многу од познатите личности имале проблеми со законот пред да станат познати. Но...
Кога славните дами ќе му дадат слободен ден на фризерот (фото) Сјајната и густа коса со која можат да се пофалат славните дами е сон на секоја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg