Од што се откажа Меган Маркл за да ѝ се допадне на кралицата Елизабета?

Британската кралица има строги модни правила, кои се косат со имиџот што го негуваше девојката на нејзиниот внук.

od-shto-se-otkazha-megan-markl-za-da-i-se-dopadne-na-kralicata-elizabeta-1.jpg

По сѐ изгледа, кралското семејство конечно ја прифати врската помеѓу принцот Хари и актерката Меган Маркл. Меѓутоа, тоа не важи и за гардеробата на неговата девојка.

Во многу претходни појавувања, изгледот на атрактивната бринета не беше во согласност со ригорозните кодекси за облекување на британската владетелка.

Но, се чини дека таа е подготвена за компромиси.

od-shto-se-otkazha-megan-markl-za-da-i-se-dopadne-na-kralicata-elizabeta-2.jpg

Поточно, да се откаже од својот препознатлив стилски печат, во име на љубовта што ја чувствува кон принцот.

За што точно се работи? Што требаше да промени Меган Маркл за да ѝ се допадне на кралицата Елизабета?

Имено, според нејзините строги модни правила, на жените од кралското семејство не им доликува да ги покажуваат колената. Наметнува политика за носење облека што ги прекрива колениците, а не е ниту обожавателка на голите рамена.

od-shto-se-otkazha-megan-markl-za-da-i-se-dopadne-na-kralicata-elizabeta-3.jpg

Поради истата причина, неретко и војвотката Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, беше мета на критики за принципиелната дама од Бакингемската палата.

Од друга страна, американската глумица е позната како љубителка на мини здолништа и кратки панталончиња. Оттука, не е тешко да се заклучи дека девојката на Хари ги прифатила рестрикциите од неговата баба.

Па, на крајот сепак одлучи да се ослободи од прекусите парчиња во својот гардеробер, наведуваат странските медиуми.

od-shto-se-otkazha-megan-markl-za-da-i-se-dopadne-na-kralicata-elizabeta-4.jpg

Во минатато, таа многупати ги покажуваше нејзините витки нозе на свечените настани и црвениот тепих.

Изминатите неколку месеци, пак, сѐ почесто ги прекрива со поконзервативни кроеви, од миди здолништа до класични панталони.

А, во иднина, веројатно ќе ги гледаме во уште помала мера.

od-shto-se-otkazha-megan-markl-za-da-i-se-dopadne-na-kralicata-elizabeta-5.jpg

За среќа, на убавата актерка одлично ѝ прилегаат и посериозните, скромни и пристојни комбинации, кои го задоволуваат вкусот и стандардите на кралицата.

Што мислите вие?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Бруклин Бекам со трогателна исповед против родителите: „Мајка ми го украде првиот свадбен танц од мо... „Моите родители пробуваа да ми ја уништат врската уште пред мојата свадба. Ноќта...
Меган Маркл критикувана за „морничаво“ видео од лимузина, во близина на местото каде што загина прин... Меган Маркл сподели видео од лимузина снимено во Париз, во близина на местото ка...

Најчитани неделава