Гламурозните аутфити на Бијонсе и Џеј Зи на Греми 2018 и интервјуто во кое откри дека би ѝ простил неверство

Во неделата се одржаа 60-ите по ред Греми награди, а по тој повод, помеѓу оние кои најмногу привлекоа внимание беа Бијонсе и Џеј Зи.

site-glamurozni-autfiti-na-bijonse-i-djej-zi-po-povod-gremi-2018-foto-01.jpg

Викендов пејачката се појави во неколку различни, впечатливи комбинации, заедно со нејзиниот сопруг, а на самиот настан и со ќеркичката Блу Ајви.

На Clive Davis галата пред Греми наградите, Бијонсе и Џеј Зи изгледаа совршено и направиле неколку заљубени фотки.

site-glamurozni-autfiti-na-bijonse-i-djej-zi-po-povod-gremi-2018-foto-02.jpg

За овој настан, таа беше облечена во гламурозна црна комбинација – Azzi & Osta фустан, црна кожена беретка, Jimmy Choo чевли и Valentino чанта, а нејзиниот сакан е облечен во Musike Frere смокинг.

Парот исто така присуствуваше и на Roc Nation забавата и бранчот, а 36 годишната ѕвезда повторно го привлече вниманието со секси металик Ralph & Lauren фустан со длабоко деколте.

На самите Греми награди, Бијонсе не се појави на црвениот тепих, но беше забележана во прв ред со Џеј Зи и 6-годишната ќеркичка Блу Ајви која носеше штикли.

Облечена во црн кадифен фустан затворен околу врат, со голема црна шапка, наочари и обетки, таа навистина знае како да биде во центарот на вниманието.

Викендов двајцата изгледаа среќно и заљубено, со оглед на тоа што одлучија да си бидат поддршка и да го надминат проблемот за кој Џеј Зи неодамна се отвори и призна дека ја изневерил.

Во неделата, тој во интервју за CNN, зборуваше повторно за тоа, а кога беше прашан дали би простил доколку Бијонсе го направила тоа, тој одговори „да“.

Погледнете го целото видео од интервјуто, а потоа и галеријата од сите нивни гламурозни аутфити:

Бијонсе и Џеј Зи на „Греми викендот“:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Бјанка Сенсори - гола, Ријана насмеана до бившиот што ја истепа: Најскандалозни моменти од историјат... Ланското појавување на Бјанка Сенсори е скандал на Греми наградите што уште долг...

Најчитани неделава