Невозвратена љубов: Ѕвезди кои добиле „корпа“ од други ѕвезди

Џон Мајер од Сандра Булок

Тој ужива репутација на вистински срцекршач во Холивуд. Заведува, љуби и остава. На списокот жени кои ги освои се наоѓаат и повеќе славни дами, како што се Кети Пери, Џенифер Анистон, Tejлор Свифт и Џесика Симпсон. Но, при обидот да се зближи со Сандра Булок преку заеднички пријатели, актерката му покажала каде му е местото.

Беше поласкана и добро се изнасмеа кога дозна за неговите намери, но го одби Џон затоа што сака врска, а не само покана за секс.“, потврди познаник на ѕвездите.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-8.png

Леонардо ди Каприо од Кара Делевињ

И згодниот оскаровец важи за миленик на жените. Харизматичниот Лео е како магнет за атрактивните манекенки. Но, една од нив не „падна“ на неговиот шарм. Таа се вика Кара Делевињ. Се сретнале на Кански филмски фестивал во 2013 година, па ди Каприо веднаш тргнал да флертува, користејќи го секој можен трик. Воопшто не ѝ се допаднал на Кара, затоа што бил „престар“ и „пренападен“ за нејзин вкус.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-9.png

Тејлор Свифт од Зејн Малик

Нивниот дует „I Don't Wanna Live Forever" ги покори топ листите во 2017 година. Но, познанството помеѓу Тејлор Свифт и Зејн Малик датира од многу порано. Постојат гласини дека пред да влезе во врска со Хари Стајлс, пејачката првин фрлила око на колегата од групата One Direction. Малик културно ја одбил, затоа што не бил заинтересиран да се забавува со неа.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-10.png

Џастин Бибер од Ријана

Пејачот имал обид да се „смува“ со постарата колешка на почетокот од 2011 година. Тогаш Џастин Бибер имаше 16, а Ријана 23 години. „Корпата“ од нејзина страна ја поднесе со насмевка, споделувајќи фотка како ѝ го покажува телефонот. Подоцна ја избриша. Бибер самиот призна дека ја поканил да излезат заедно, на што Рири му одговорила: „Премал си.“

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-11.png

Линдзи Лохан од Џејмс Франко

Кога во јавноста исплива „интимниот список“ на Линдзи Лохан, посебна прашина се крена околу името на Џејмс Франко. Глумецот ги демантираше медиумските написи дека се сплеткал со скандалозната ѕвезда. Лохан кокетирала со Франко, па се бакнале, но тој одолеал на нејзината покана да имаат нешто повеќе од тоа.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-12.png

Дрејк од Ники Минаж

Покрај од Ријана, раперот доби „корпа“ и од уште една колешка. Се шпекулира дека Дрејк и Ники Минаж поминале една ноќ заедно. И, додека таа не била расположена за реприза, пејачот веќе почнал да си замислува дека се во врска. „Дрејк призна дека е вљубен во Ники. Сите дознаа.“, откри добро упатен извор. Од друга страна, Минаж никогаш не била вистински заинтересирана за него.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-13.png

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава