Љубов без секс: Познати парови кои се „чувале“ за првата брачна ноќ

Мараја Кери и Ник Канон

„Помислив дека би било навистина посебно кога би причекале прво да се венчаме.“, ја прокоментира Мараја својата одлука да апстинира од секс пред бракот со Ник Канон. „Се покажа дека бевме во право.“.

Пејачката вели дека и двајцата биле согласни да чекаат. „Не е дека воопшто не бевме интимни. Едноставно немавме комплетна интима. Ова траеше два месеци.“

Подоцна, ѕвездите направија свадба на Бахамите, а беа во брак од 2008 до 2016 година. Родители се на близнаци. 

ljubov-bez-seks-poznati-parovi-koi-se-chuvale-za-prvata-brachna-nokj-7.jpg

Тина Феј и Џеф Ричмонд

„Не можев да се откажам од мојата невиност. Се држев до добрите стари христијански вредности.“, му одговори комичарката во свој стил на водителот Дејвид Летерман, гостувајќи во неговото телевизиско шоу. Таа првпат имала сексуални односи на 24 години.

Aктерката откри дека му се „дала“ единствено на композиторот Џеф Ричмонд, со кого е во брак од 2001 година, а имаат две ќерки: 12-годишната Алис и 6-годишната Пенелопе.

ljubov-bez-seks-poznati-parovi-koi-se-chuvale-za-prvata-brachna-nokj-8.jpg

Кевин Џонас и Даниел Делиса

Од мали нозе, браќата Џонас дале ветување дека невини ќе стапат во брак. Ник и Џо не си го исполнија зборот, но најстариот брат опстоја во намерата.

Кевин не спиел со ниту една девојка, додека не се ожени со сопругата Даниел. По двегодишна романтична врска, тие направија свадба во 2009 година.

„Можеше да се венчаме и денот после свршувачката. Ќе полудевме ако подолго чекавме.“, се пошегува на оваа тема музичарот. Родители се на две ќерки.

ljubov-bez-seks-poznati-parovi-koi-se-chuvale-za-prvata-brachna-nokj-9.jpg

Лиса Кудроу и Мајкл Стерн

„Прилично рано сфатив дека треба да останам девица до бракот. Невиноста ми беше скапоцена, па сакав да ме заслужи мажот кому ќе му ја дадам.“, призна славната актерка Лиса Кудроу.

За шест години постариот Мајкл Стерн се омажи во 1995-та, кога таа имаше 31 година. Со брачен стаж од 23 години, денес се сметаат за едни од рекордерите во Холивуд.

„Кога се зедовме со Мајкл, знаевме дека не си ветуваме вечна љубов, бидејќи никој не може да си ја вети. Наместо тоа, си ветивме дека ќе работиме на сите евентуални проблеми што ќе искрснат во бракот.“

ljubov-bez-seks-poznati-parovi-koi-se-chuvale-za-prvata-brachna-nokj-10.jpg

Меган Гуд и Девон Франклин

Актерката и филмскиот продуцент, пак, биле толку предадени на идејата за апстинеција од сексуални односи пред бракот, што на оваа тема ја напишаа и книгата „The Wait: A Powerful Practice for Finding the Love of Your Life and the Life You Love“.

„Ако мажите може да бидат дисциплинирани во нивниот сексуален живот, тогаш не постои нешто кое не можат да го сторат.“ објаснува Девон Френклин во книгата.

Верувале или не, тој цели 10 години се воздржувал од секс, пред да се ожени со Меган. „Таа не беше религиозна како мене. Но, обајцата бевме посветени да успееме.“

ljubov-bez-seks-poznati-parovi-koi-se-chuvale-za-prvata-brachna-nokj-11.jpg

M. A. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год... Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава