Љубов без секс: Познати парови кои се „чувале“ за првата брачна ноќ

Интимниот однос претставува исклучително важен чин за некои славни личности. Затоа и со партнерите се воздржувале од секс, сѐ дури не ги размениле венчалните прстени, заколнувајќи се на вечна љубов.

ljubov-bez-seks-poznati-parovi-koi-se-chuvale-za-prvata-brachna-nokj-1.png

Едни биле одлучни да останат невини поради морални и религиозни убедувања. Другите, пак, поучени од лоши искуства во минатото, сакале да ја зајакнат романтичната врска, пред да им се предадат на телесните страсти.

Ова се познатите парови кои се „чувале“ за првата брачна ноќ:

Адријана Лима и Марко Јариќ

„Сексот е за во брак.“, отворено призна Адријана Лима во разговорот за GQ во 2006 година. Многумина ги изненади веста дека една од најсексапилните жени во светот, поради религиозни причини се воздржува од интимни односи.

Објасни и дека дечковците мора да го почитуваат нејзиниот избор. „Ако нема почитување, тоа значи дека не ме сакаат.“, додаде славната Бразилка.

Лима си го одржа зборот. Првиот маж со кого спиеше беше српскиот кошаркар Марко Јариќ, за кого се омажи во 2009 година. Заедно имаат две ќерки – осумгодишната Валентина и петгодишната Сиена. Сепак, тие одлучија да се разведат во 2014 година.

ljubov-bez-seks-poznati-parovi-koi-se-chuvale-za-prvata-brachna-nokj-2.jpg

Сиара и Расел Вилсон

Иако и двајцата беа претходно во брак со други партнери, американската пејачка и фудбалерот ја обелоденија одлуката да немаат сексуални односи, сѐ додека не си го кажат судбоносното „да“.

„Кога се фокусираш на пријателството, мислам дека имаш прилика да изградиш силни темели за квалитетна врска.“, истакна Сиара. Расел, пак, се сложи со саканата:Знам дека Бог ни ги спои патиштата, за да си бидеме благослов еден на друг. Нема да бидеме совршени. Но, ќе направиме нешто посебно.“

Двојката oстана верна на даденото ветување. Направија свадба во јули 2016 година, а три месеци подоцна, соопштија дека го очекуваат првото заедничко дете. Сиара е горда мајка и на четиригодишен син.

ljubov-bez-seks-poznati-parovi-koi-se-chuvale-za-prvata-brachna-nokj-3.jpg

Џесика Симпсон и Ник Лаше

„Му ветив на Бог, на татко ми, како и на идниот сопруг дека ќе останам девица, додека не се омажам. Отсекогаш знаев дека тоа е нешто кое би сакала да го направам.“, изјави  американската пејачка и актерка за магазинот People во 2000 година.

Тогаш Џесика Симпсон се забавуваше со пејачот и водител Ник Лаше, кој призна дека не секогаш е лесно да се биде во целибат, но дека ја почитува нејзината одлука да почекаат до првата брачна ноќ:Невиноста може да биде кул и секси.“. Џесика и Ник се венчаа на традиционална христијанска церемонија во октомври 2002 година.

Сепак, и покрај големата љубов, на нивната среќа ѝ дојде крајот четири години подоцна, кога парот започна судска постапка за развод. Подоцна, Симпсон реши да не ја повтори истата одлука и со сегашниот сопруг Ерик Џонсон, туку ги добија двете деца пред да стапат во брак во 2014 година.

ljubov-bez-seks-poznati-parovi-koi-se-chuvale-za-prvata-brachna-nokj-4.jpg

Миранда Кер и Иван Шпигел

Австралиската манекенка и основачот на Snapchat ги шокираа многу луѓе, споделувајќи ја информацијата дека се заветиле да немаат сексуални односи, додека не стапат во брак.

„Ништо пред бракот. Иван е традиционален маж. Не смееме. Чекаме.“, откри Миранда Кер за The London Times. Кер и Шпигел тајно направија свадба во мај 2017 година, а недолго потоа, двојката соопшти дека го очекува првото дете.

Иако останува непознато дали нејзиниот сегашен сопруг имал секс во претходните врски, за Миранда е сосема јасно. Таа веќе го имаше синот Флин од бракот со актерот Орландо Блум. 

ljubov-bez-seks-poznati-parovi-koi-se-chuvale-za-prvata-brachna-nokj-5.jpg

Ешли Греам и Џастин Ервин

„Невиноста ја изгубив од дечко што едвај го познавав, бидејќи ми даваше комплименти. Немав самодоверба. Доволно беше некој да ми каже: „Еј Ешли, убава си денес!“ или „Ми се допаѓа твојата фризура.“. Постојано беше исто. Ќе ме однесеа некаде, па ќе имавме секс, а потоа им се губеше секаква трага.“

Плус-сајз убавицата вели дека навика ѝ било да ги избира погрешните мажи. Па, кога го запознала Џастин Ервин, посакала да направи нешто поразлично. Во разговорот за порталот Self, моделот откри дека донеле одлука да апстинираат од секс, а да се посветат исклучиво на нивната љубов. „Мојата романса со Џастин беше невина и слатка. Тој ми готвеше. Возевме ролерки и велосипед. Правевме караоке. Одевме на кино. Се дружевме. Само не спиевме заедно. За да не дојдеме во искушение, не се посетувавме доцна во ноќта. Но, шетавме заедно низ градот.“

Двојката издржала – а чекањето се покажало како вредно. Се венчаа во 2010 година и сѐ уште се во брак. По зборовите на Греам, медениот месец во Јамајка им бил преполн со страст. Непрестано воделе љубов цели десет дена. 

ljubov-bez-seks-poznati-parovi-koi-se-chuvale-za-prvata-brachna-nokj-6.jpg

Листата продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
Ник Канон, бившиот на Мараја Кери, има 12 деца – не може да ги наброи сите, едното почина од рак Ник Канон и Мараја Кери се венчаа по само два месеца врска, а заедно имаат две д...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
„Се плаши дека нема да ја дочекам нејзината свадба“ – Мајкл Даглас за ќерката Карис, која блесна во... „Ќерка ми ми вели дека се плаши дека нема да бидам тука кога ќе се омажи, а мене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg