Сонот е клуч за успехот: Во колку часот си легнуваат богатите и славните?

Знаевте ли што им е заедничко на Барак Обама и Илон Маск? Двајцата заспиваат и се будат во исто време. А, доколку мислевте дека старлетата Ким Кардашијан е ноќна птица, па се забавува до раните утрински часови, сигурно ќе ве изненади податокот дека таа има мошне здрава рутина на спиење.

sonot-im-e-kluch-za-uspehot-vo-kolku-chasot-si-legnuvaat-bogatite-i-slavnite-1.png

Квалитетниот  сон е особено важен за здравјето. Истовремено, тој е и првиот чекор на патот кон успехот. Откако ви откривме кои се познатите личности што не спијат до пладне, туку стануваат рано, овојпат ќе се позанимаваме со тоа кога точно одат во кревет.

sonot-im-e-kluch-za-uspehot-vo-kolku-chasot-si-legnuvaat-bogatite-i-slavnite-2.gif

Какви им се навиките за спиење на дел од најуспешните јавни фаци? Еве во колку часот си легнуваат богатите и славните:

Ана Винтур – 22:00

Уредничката на американскиот Vogue се буди пред шест часот. Првин игра тенис, па стилистката ѝ ја фенира косата во препознатливата фризура. Бидејќи рано станува, таа оди на спиење во 22 часот, за да се oдмори и биде свежа во улогата на најмоќна жена во модната индустрија.

sonot-im-e-kluch-za-uspehot-vo-kolku-chasot-si-legnuvaat-bogatite-i-slavnite-3.jpg

Ким Кардашијан – 22:30

За добро здравје и убав изглед, експертите препорачуваат квалитетни осум часа сон. Ким Кардашијан им верува и се придржува до советот. Во интервју за Harper’s Bazaar, старлетата откри дека заспива меѓу десет и единaесет часот навечер, а станува околу 6 наутро.

sonot-im-e-kluch-za-uspehot-vo-kolku-chasot-si-legnuvaat-bogatite-i-slavnite-4.jpg

Елен Деџенерис – 23:00

Taa e американска телевизиска водителка, комичарка, актерка, писателка и продуцентка. Накусо – медиумска личност со големо влијание. Наспроти многубројните ангажмани, ни Елен Деџенерис не се лишува себеси од препорачаните осум часа сон. Спие во интервалот од 23 до 7 часот.

sonot-im-e-kluch-za-uspehot-vo-kolku-chasot-si-legnuvaat-bogatite-i-slavnite-5.jpg

Бил Гејтс – 00:00

Мал е бројот на луѓе кои се побогати од претприемачот Бил Гејтс. Во разговорот за Seattle Times, милијардерот изјави дека во кревет оди точно на полноќ, по што задолжително спие седум часа. Без неопходната количина на сон, тој не би можел да биде креативен.

sonot-im-e-kluch-za-uspehot-vo-kolku-chasot-si-legnuvaat-bogatite-i-slavnite-6.jpg

Илон Маск – 01:00

Основачот на PayPal, Tesla и SpaceX, важи за генијален ум и еден од најголемите создавачи во светот. А, колку време се одмара во текот на ноќта? Илон Маск спие само шест часа, а си легнува после полноќ. Поточно – во 1 часот наутро.

sonot-im-e-kluch-za-uspehot-vo-kolku-chasot-si-legnuvaat-bogatite-i-slavnite-7.png

Барак Обама – 01:00

Ниту поранешниот претседател на САД не спие повеќе од шест часа. Заспива во 1 часот, а станат е од 7 наутро. Меѓутоа, Барак Обама не е главниот ранобудник во семејството. Додека тој уште се расонува, неговата сопруга Мишел веќе вежба во домашната теретана.

sonot-im-e-kluch-za-uspehot-vo-kolku-chasot-si-legnuvaat-bogatite-i-slavnite-8.jpg

Опра Винфри – 02:00

И култната телевизиска водителка рано станува. Сепак, слично на милијардерот Илон Маск, спаѓа во групата на успешни луѓе кои прилично малку спијат. Опра Винфри за Fast Company сподели дека си легнува во 2 часот наутро, а природно се буди помеѓу 7:15 и 7:23. Пет часа сон ѝ се сосема доволни.

sonot-im-e-kluch-za-uspehot-vo-kolku-chasot-si-legnuvaat-bogatite-i-slavnite-9.jpg

Во колку часот си легнувате вие?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Драми и навреди: Најголемите караници на Кардашијанс со други славни личности „Денес Ким Кардашијан објави гола фотка. Ако Ким сака да видиме дел од неа што д...
На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...

Најчитани неделава