Зошто личната асистентка на Меган Маркл си даде отказ, само 6 месеци по кралската свадба?


Зошто личната асистентка на Меган Маркл си даде отказ, само 6 месеци по кралската свадба?

Изгледа Војвотката од Сасекс со своите идеи и замисли не е најлесниот човек за соработка...

zoshto-lichnata-asistentka-na-megan-markl-si-dade-otkaz-samo-6-meseci-po-kralskata-svadba-01.jpg

Работењето за Војвотката од Сасекс звучи како работа од соништата, но во реалноста за некои луѓе очигледно не е така.

Личната асистентка на Меган Маркл, позната како Мелиса, но чиј идентитет не се открива, си даде отказ 6 месеци по кралската свадба. Одлуката ја донела ненадејно и била шок за сите во палатата.

zoshto-lichnata-asistentka-na-megan-markl-si-dade-otkaz-samo-6-meseci-po-kralskata-svadba-06.jpg

Зошто некој би си заминал од таква престижна работа толку брзо?

„Мелиса е многу талентирана личност и имаше огромна улога во организацијата на кралската свадба и ќе им недостига на сите во палатата“, изјави извор близок до кралското семејство.

zoshto-lichnata-asistentka-na-megan-markl-si-dade-otkaz-samo-6-meseci-po-kralskata-svadba-03.jpg

Сите велат дека Меган Маркл донела нова енергија во кралската палата со нејзината завидна работна етика, но изгледа токму тоа е причината за заминувањето на нејзината асистентка.

Меган го започнувала денот во 5 часот наутро и веднаш потоа на помошниците во палатата им праќала по 6, 7 пораки со нови идеи и барања околу градењето на нејзината кралска улога.

zoshto-lichnata-asistentka-na-megan-markl-si-dade-otkaz-samo-6-meseci-po-kralskata-svadba-08.jpg

Иако, нејзиниот ентузијазам е одличен, изгледа едноставно е премногу за дел од персоналот во палатата. Покрај Мелиса, чие заминување беше бурно проследено од медиумите, во меѓувреме имаше уште неколку луѓе кои си дадоа отказ. На пример Катрина Мекивер, задолжена за комуникации во палатата, си даде отказ во септември.

zoshto-lichnata-asistentka-na-megan-markl-si-dade-otkaz-samo-6-meseci-po-kralskata-svadba-07.jpg

zoshto-lichnata-asistentka-na-megan-markl-si-dade-otkaz-samo-6-meseci-po-kralskata-svadba-05.jpg

zoshto-lichnata-asistentka-na-megan-markl-si-dade-otkaz-samo-6-meseci-po-kralskata-svadba-04.jpg

zoshto-lichnata-asistentka-na-megan-markl-si-dade-otkaz-samo-6-meseci-po-kralskata-svadba-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кралската свадба на Хари и Меган од аспект на гостите кои присуствуваа... Свадбата на принцот Хари и Меган Маркл остави силен впечаток кај многумина и се ...
Меган Маркл е бремена - првото дете со принцот Хари го очекуваат во пр... Принцот Хари и Меган Маркл денес пристигнаа во Сиднеј за почетокот на нивната кр...
Меган Маркл, по рамните сандали, за првпат облече патики на кралска до... По низата појавувања во елегантни изданија со високи потпетици, Меган деновиве с...