„Мајкл Џексон сексуално нè злоупотребуваше“ - двајца мажи проговорија за траумата од детството

Вработените на Мајкл Џексон молчеле, нивните родители биле заслепени од харизмата и подароците од Мајкл Џексон, а овие мажи биле момчиња на 5 и 10-годишна возраст и не биле свесни дека се силувани.

michael-jackson-seksualno-ne-zloupotrebuvashe-dvajca-mazhi-progovorija-za-traumata-od-detstvoto-01.jpg

Документарниот филм „Leaving Neverland“ кој излезе во јавност и ги третира обвинувањата за педофилија кон Мајкл Џексон предизвика лавина од реакции. Двајцата мажи кои јавно го обвинија кралот на попот за сексуална злоупотреба кога биле деца добија огромна поддршка од целиот свет.

Но, други се сомневаат во вистинитоста на приказната затоа што ова се прави по смртта на Мајкл и не можеме да ја чуеме неговата страна од приказната.

michael-jackson-seksualno-ne-zloupotrebuvashe-dvajca-mazhi-progovorija-za-traumata-od-detstvoto-02.jpgЏејмс Сејфчак и Вејд Робсон

Џејмс Сејфчак и Вејд Робсон им ги скршија срцата на сите откако проговорија за тоа како биле пресреќни што ќе ја запознаат мегаѕвездата, но нивниот идол ги злоупотребил.

Во нивниот глас се слуша болката и траумата кога говорат што се случило, а се забележуваат и нивните измешани чувства кон Мајкл Џексон, кој бил одличен манипулатор што дури ги заслепел и нивните семејства.

michael-jackson-seksualno-ne-zloupotrebuvashe-dvajca-mazhi-progovorija-za-traumata-od-detstvoto-07.jpg

Некои светски радио станици забранија емитување на музика од Мајкл Џексон, но фановите велат дека ужасното дело што го сторил не треба да се поврзува со неговата легендарна музика.

michael-jackson-seksualno-ne-zloupotrebuvashe-dvajca-mazhi-progovorija-za-traumata-od-detstvoto-06.jpg

Џејмс Сејфчак имал 10 години кога го запознал Мајкл на снимањето на една реклама, а пак Вејд Робсон имал 5 години кога го запознал Мајкл на еден танцувачки натпревар. Тој ги опсипувал со внимание и подароци нив и нивните семејства.

michael-jackson-seksualno-ne-zloupotrebuvashe-dvajca-mazhi-progovorija-za-traumata-od-detstvoto-05.jpg

Семејството на Мајкл Џексон, се разбира, ги негира обвинувањата.

Инаку, Робсон во едно поодамнешно судење додека Мајкл бил жив сведочел дека спиел многу пати во собата на Мајкл, но дека пејачот никогаш не го злоупотребил сексуално. Но, сега откако добил син Робсон тврди дека чувствува одговорност да ја каже вистината пред светот. Слична ситуација имаше и Сејфчак.

michael-jackson-seksualno-ne-zloupotrebuvashe-dvajca-mazhi-progovorija-za-traumata-od-detstvoto-03.jpg

Во 2013 година траумата ги натера да се соочат со фактите и кажаа дека Мајкл Џексон ги злоупотребувал сексуално и силувал.

michael-jackson-seksualno-ne-zloupotrebuvashe-dvajca-mazhi-progovorija-za-traumata-od-detstvoto-04.jpg

Психолозите тврдат дека многу пати при сексуална злоупотреба на деца се формира силна врска помеѓу жртвата и предаторот и дека таа врска трае многу, многу години, токму како што е во овој случај.

michael-jackson-seksualno-ne-zloupotrebuvashe-dvajca-mazhi-progovorija-za-traumata-od-detstvoto-02_1.jpg

michael-jackson-seksualno-ne-zloupotrebuvashe-dvajca-mazhi-progovorija-za-traumata-od-detstvoto-01_1.jpg

Исповедите на Џејмс Сејфчак и Вејд Робсон на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
„Се плаши дека нема да ја дочекам нејзината свадба“ – Мајкл Даглас за ќерката Карис, која блесна во... „Ќерка ми ми вели дека се плаши дека нема да бидам тука кога ќе се омажи, а мене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg