Фасцинантниот живот на Елизабет Тејлор: Била прва актерка која добила 1 милион долари за филм, се мажела 8 пати

Кариерите на децата актери често завршуваат лошо, но не и онаа на Елизабет Тејлор, едната од најомилените актерки на сите времиња - дивата на златната ера на Холивуд, модна икона, добитничка на два Оскара и голема хуманитарка. 13 години по нејзината смрт, животната приказна за оваа актерка и понатаму фасцинира...

fascinantniot-zhivot-na-elizabet-tejlor-bila-prva-akterka-koja-dobila-1-milion-dolari-za-film-se-mazhela-8-pati-01.jpg

Елизабет Роземонд Тејлор е родена во Лондон во 1932 година. Но, се семејството уште како дете се преселила во САД, каде што почнала да се појавува нејзината желба да глуми.

Поседувала извонредна физичка убавина, па немала многу проблеми да ја добие својата прва улога, и тоа на неполни 10 години во филмот There’s One Born Every Minute.

Талентот за глума го наследила од нејзината мајка, Сара Сотерн, која била актерка.

fascinantniot-zhivot-na-elizabet-tejlor-bila-prva-akterka-koja-dobila-1-milion-dolari-za-film-se-mazhela-8-pati-34.jpg

Сепак, нејзината убавина била меч со две острици. Режисерите долго време не ѝ давале улоги, бидејќи мислеле дека нема невино детско лице, бидејќи Елизабет изгледала многу постаро од своите години.

Нова можност добила на 11 години, па благодарение на познаник на татко ѝ, но и нејзиниот британски акцент, ја ангажирале во филмот Lassie Come Home.

Сепак, улогата која ја лансирала нејзината кариера во Холивуд била во филмот National Velvet.

fascinantniot-zhivot-na-elizabet-tejlor-bila-prva-akterka-koja-dobila-1-milion-dolari-za-film-se-mazhela-8-pati-11.jpg

Многу подоцна во своите интервјуа, Елизабет често ја опишувала улогата како највозбудлива во нејзиниот живот, но знаела да каже и дека откако ја добила оваа ролја нејзиното детство завршило.

Потпишала договор со филмското студио MGM, а тие почнале да го контролираат секој аспект од нејзиниот живот.

 Иако има долга и богата кариера, една од нејзините најистакнати улоги е онаа на Клеопатра, во истоимениот филм.

fascinantniot-zhivot-na-elizabet-tejlor-bila-prva-akterka-koja-dobila-1-milion-dolari-za-film-se-mazhela-8-pati-02.jpg

Со оваа улога влезе во историјата како прва актерка на која ѝ биле исплатени милион долари за еден филм.

И додека зад себе имала одлична кариера, нејзиниот приватен живот не бил идиличен.

Таа се мажела дури осум пати, со седум различни мажи. Со нив имала 4 деца.

fascinantniot-zhivot-na-elizabet-tejlor-bila-prva-akterka-koja-dobila-1-milion-dolari-za-film-se-mazhela-8-pati-12.jpg

За прв пат се омажила кога имала само 17 години, за наследникот на хотелот Хилтон. Бракот не траел долго, а слично било и со другите бракови, кои завршувале со смрт или развод.

Од овие врски може да се издвои бракот со актерот Ричард Бартон, со кого се мажела двапати.

Тој бил нејзиниот партнер на снимањето на филмот Cleopatra, а нивната љубов се опишува како една од најскандалозните приказни на 20-тиот век. Заедно снимиле 11 филма.

Elizabet Tejlor Golemata humanitarka i prvata akterka 02

И двајцата во моментот кога се запознале биле во брак, но не можеле да ја скријат меѓусебната привлечност.

Во тоа време Елизабет имала 29 години и три разводи зад неа, но наскоро следел и четвртиот за да може да се омажи за Бартон.

И покрај големата страст, нивниот брак бил обележан со скандали, неверства и постојани проблеми.

fascinantniot-zhivot-na-elizabet-tejlor-bila-prva-akterka-koja-dobila-1-milion-dolari-za-film-se-mazhela-8-pati-10.jpg

Алкохолизмот и честите неверства на Бартон довеле до развод.

Сепак, парот се венчал и вторпат, но овој брак траел помалку од една година.

Пред да почине, Бартон оставил писмо во кое признал дека во животот ја сакал само неа.

Elizabet Tejlor Golemata humanitarka i prvata akterka 03

И покрај сите удобности и богатство, Елизабет немала лесен живот. Но и покрај нејзините лични проблеми, таа никогаш не престанала да размислува за другите.

Често донирала пари за сиромашните, а била и една од првите познати личности кои отворено зборувале за проблемите со СИДА-та во осумдесеттите години од 20. век.

Поради сето она што го направила во филмскиот свет, во 2000 година била прогласена за Дама на Британската империја. Ова е највисоката титула што некој може да ја добие, а не е член на кралското британско семејство.

fascinantniot-zhivot-na-elizabet-tejlor-bila-prva-akterka-koja-dobila-1-milion-dolari-za-film-se-mazhela-8-pati-05.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Елизабет Харли на 60 години е поим за сексапил - се појави на црвен тепих вљубена со таткото на Мајл... Кога имаш 60 години и си најсексапилната жена на секој настан... Елизабет Харли ...
Дамиано Давид прослави 2 години врска со саканата, која му порача: „Животот стана толку убав откако ... „Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, за...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава