Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Славни мажи кои не веруваат во брак

Додека едни уживаат во среќен или лажен брак, овие славни мажи одлучиле да бидат вечно „слободни“, односно да не мора да потпишат лист хартија кој ќе ги обврзува за некоја жена. 

Nedofatlivi Ovie poznati mazi ne veruvaat vo brak 01

Славниот американски актер, 79-годишниот Ал Пачино, е еден од најголемите заводници во Холивуд. Пачино бил со Дајан Китон, со која глумел во легендарниот филм „Кум“ на Копола, а нивната врска со прекини траела десет години. 

Китон секогаш велела дека бракот не е за неа, но признала дека само со Пачино сакала да застане пред олтарот. Таа му поставила ултиматум – брак или крај на врската. Актерот не сакал да ѝ се посвети на првата опција, па нивната врска конечно заврши по снимањето на филмот.

„Да не се биде во брак не е најлошата трагедија. Мислам дека не бев практична. Имав луда идеја за тоа што значи да се биде заљубен, а сега гледам што е потребно за да се направи врската успешна – реално сознание дека заедно правите добар тим.“ – вели Китон.

slavni-mazhi-koi-ne-veruvaat-vo-brak-00.jpg

И Пачино го објаснил своето гледиште за брак:

„Бев во долги врски што беа како брак. Жал ми е што морам да го кажам ова, но бракот е состојба на ум, а не договор. За мене бракот е поврзан со мојата идеја за посветеност, а посветеноста е прашање на емоции.“

Nedofatlivi Ovie poznati mazi ne veruvaat vo brak 02

Бракот никогаш не го интересирал ниту неговиот колега, 52-годишниот Бенисио дел Торо. На новинарско прашање дали некогаш би се оженил, овој искрен миленик на жени одговорил: „Зошто треба да се оженам? Само за да можам да се разведам?“

Nedofatlivi Ovie poznati mazi ne veruvaat vo brak 03

Венчалниот прстен никогаш не се појавил ниту на раката на 53-годишниот Џон Кјузак. Новинарите еднаш го прашале да објасни со пет збора или помалку, зошто е тоа така. Кјузак им одговорил со осум зборови: „Општеството нема да ми кажува што да правам.“

Nedofatlivi Ovie poznati mazi ne veruvaat vo brak 04

И 45-годишниот Леонардо ди Каприо секогаш има подготвен одговор на прашањето дали некогаш ќе се ожени. „Не можете да предвидите брак. Не можете да го испланирате. Ќе се случи кога ќе се случи.“ вели Леонардо.

Пред неколку години тој дал речиси идентичен одговор на друг медиум: „Бракот ќе се случи кога ќе се случи. Гледај, ќе ги пуштам работите да одат природно.“

Nedofatlivi Ovie poznati mazi ne veruvaat vo brak 05

Корисниците на социјалните мрежи сакаат да се шегуваат за љубовниот живот на Леонардо, па така пресметале дека славниот глумец повеќе не запознава девојки над 25 години.

Всушност, списокот на млади убавици во неговиот живот (претежно модели) е доста долг, а секој пат кога партнерката ќе ја надмине 25-та година, Леонардо ја заменува со помлада.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гла...
Двејн Џонсон со хит видео на Инстаграм - Ќерките го шминкаат, му лепат бисери на очите „Тоа што почна со прашањето на моите две торнада Џези и Тиа: ‘Тато може ли да ти...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg